Стапица за стаорци - морална приказна

На една стара фарма во пукнатината на ѕидот се криеше еден стаорец и од мракот ги набљудуваше  фармерот и неговата сопруга како отвораат некоја метална справа во шталата.

stapica-za-staorci-moralna-prikazna-1

„Што е тоа? Да не е некоја храна?“ – се запраша стаорецот, но набрзо престрашен заклучи дека тоа е стапица за стаорци, а еден мртов стаорец штотуку беше изваден од неа.

Тогаш стаорецот во паника се стрча накај селскиот двор и почна да вика:

„Постои стапица на фармата, стапица за стаорци на фармата!“

Кокошката на тоа мрзоволно клукна едно зрно пченица и му се обрати на стаорецот: „Што си се развикал? Што ми е мене грижа за таа стапица за стаорци. Таа не е поставена за мене, туку за тебе.“

Стаорецот се сврте кон свињата и замоли: „Помогнете ми! Ајде да сториме нешто, постои стапица на фармата.“

Свињата незаинтересирано продолжи да се валка во калта и му рече: „Жал ми е, но јас не би можел да сторам ништо, освен да се помолам за тебе.“

Стаорецот со последни сили и се обрати на кравата и побара помош од нејзе, а таа со потсмев му рече:

 „Стапица за стаорци!? Многу сум загрижена да не се фатам во неа.“

Потоа стаорецот се врати во шталата со наведната глава и разочаран што ќе мора да се соочи со страшната стапица сосема сам.

Истата ноќ се слушна звук во шталата. Се затвори стапицата.

Сопругата на фармерот побрза да види дали се фатил уште некој стаорец, но во мракот не забележа дека во стапицата се имаше фатено една отровна змија. Таа ја стапна а змијата ја касна сопругата на фармерот.

Иако веднаш ја однесоа во болница, отровот од змијата веќе се имаше раширено низ телото на жената, па вечерта таа доби силна треска. Докторот рече дека за да и помине треската жената треба да ајде свежа пилешка супа.

Таа ноќ фармерот ја закла кокошката и и зготви топла супа на својата жена. Следното утро на жената воопшто не и беше подобро, па еден сосед рече дека на каснатото место треба да се стават облоги од свинско месо кои ќе помогнат отровот да биде извлечен.

Кутриот фармер, сакајќи да си ја спаси сопругата без размислување ја закла свињата и направи облоги од нејзиното месо.

Наредното утро жената на фармерот почина, а дворот се наполни со многу роднини и пријатели на жената. Фармерот мораше да ја заколе и кравата за да ги нахрани луѓето кои беа дојдени.

Поука: Следниот пат кога ќе слушнете дека некој се соочува со проблем и му треба ваша помош, немојте да го игнорирате мислејќи дека тоа е само негова работа. Запомнете, тоа можеби е „стапица за стаорци во куќата“ и никогаш не се знае како може да стане и ваша опасност.

Би можело да ве интересира:

Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg