Кратка поучна приказна: Двете кучиња и чудната соба

Две кучиња биле пуштени во една иста соба, но во различно време. Првото куче излегло накострешено, се тресело, р’жело и бесно лаело. Второто пак, излегло со исплазен јазик, спремно да си игра, мафтајќи со опашот.

dvete-kucinja-i-cudnata-soba-kratka-poucna-prikazna-2

Една жена која го набљудувала ова, не можела да разбере што всушност има во собата, што може да предизвика толку различни реакции кај кучињата. Решила да влезе и сама да се увери какво е тоа чудо што едното куче го разбесни, а другото го развесели.

На нејзино големо изненадување таа влегла во соба полна со многу огледала, поставени насекаде и наеднаш сфатила.

Среќното кутре во таа соба видело илјада други среќни кутриња кои сакаат да си играат и мафтаат со опашот.

Бесното куче видело илјадници бесни кучиња кои лаат на него.

Она што го гледаш во светот околу себе е одраз на тоа кој си всушност ТИ!

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg