Приказна: Ретко кој ја цени генијалноста

Месарот доста се изненадил кога видел дека куче му влегува во месарата, па го избркал. Но, подоцна, кучето повторно влегло.

prikazna-retko-koj-ja-ceni-genijalnosta-01

Му пришол на кучето да види што имал во устата, кога нашол ливче на кое пишувало: „Ако може шест колбаси и јагнешки бут, ве молам... кучето има пари во устата.“

Месарот погледнал и навистина имало 10 долари во устата. Ги земал парите, спакувал сè во кеса, го ставил и кусурот и повторно кесата ја закачил на устата на кучето.

Оваа случка толку го одушевила што одлучил да го затвори дуќанот и да тргне по кучето.

Кучето тргнало по улицата, стигнало на пешачки премин каде што стрпливо чекало зелено светло пред да помине. Месарот по него ја преминал улицата.

Стигнале до автобуската станица, кога кучето го побарало својот автобус во возниот ред. Месарот зачуден, застанал до него и го почекале автобусот. Кога стигнал, кучето се качило и седнало на едно седиште.

Се префрлило кучето и во друг автобус, го пронашло и таму своето седиште и стрпливо чекало да пристигне. Кога конечно дошло време да се симне, со ќесата во уста продолжило да си оди по својот пат, а месарот со неверување, но позитивно изненаден продолжил да го следи.

Одеднаш, кучето стигнува до една куќа, стигнува до вратата, ја остава ќесата на прагот, се залетува и се удира со целата сила во вратата. Уште еднаш земало уште поголем залет и се затрчало кон вратата.

Од куќата никој не одговарал.

Кучето се вратило, ја прескокнало оградата, стигнало до прозорот, удрило со главата неколку пати, а потоа се вратило до влезната врата.

На вратата се појавил еден човек, ја земал ќесата од прагот, а потоа почнал да му вика и да го шутира кучето.

Месарот по малку вознемирен: „Што ви е, зошто го шутирате кога кучето е гениј? Ако мене ме прашувате, би го земал и би настапувал со него на телевизија!“

Човекот: „Ова гениј? Ма ајде... Ова му е веќе втор пат оваа недела да ги заборави клучевите!“

Поука:

Можете да ги надминете очекувањата на случајните минувачи и набљудувачи, но никогаш на газдите и шефовите... Никогаш!

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg