Мудра приказна: Старецот и ѕвездите

Еден ден група деца здогледале еден старец како оди по улицата со голема кошница на рамената. Кошницата била преполна со ѕвезди.

mudra-prikazna-starecot-i-zvezdite

Од време на време старецот земал по еден грст ѕвезди од корпата и замавнувал како да сее. Тогаш мноштво на светликави ѕвездички затреперувале околу него како мали жарчиња на ветер.

- Што правиш дедо? – љубопитно го запрашале децата.

- Сеам среќа! - одговорил старецот и мирно продолжил да си ја работи работата додека низ прстите му се сјаеле прекрасните ѕвездички кои ги гледаа веселите деца низ топли треперливи бои како оние на виножитото.

Опиени од оваа убавина децата веднаш потрчале да ја фатат среќата, но залудно. И тие најбрзите и најснаодливите останале со празни раце.

- Залудно е тоа што сакате да го направите - се потсмевнал таинствено старецот - така никогаш нема да ја фатите.

- Зошто? - запрашале зачудените деца.

Насмевнуваќи се, старецот тивко им одговорил:

- Дури откако ќе научите да сеете радост и убавина околу себе, ќе бидете повикани на жетва на среќата. Оној кој граби за себе, никогаш нема да ја фати среќата.

Среќата се зема со раширени раце!

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg