Вистински пријател
„Мојот пријател не се врати од борбеното поле, господине. Барам дозвола да се вратам назад и да го побарам.“ – рекол еден војник на својот надреден.
„Не доаѓа предвид!“ – одговорил надредениот. „Не сакам да го ризикуваш својот живот за некој што е најверојатно мртов.“
Војникот без оглед на забраната, заминал. После два часа се вратил тешко ранет, носејќи го мртвото тело на својот пријател.
Надредениот бил бесен:„Ти реков дека е мртов! Се исплатеше ли да се враќаш таму за мртовец?!“
Војникот, умирајќи, му одговорил:
„Да господине! Кога го пронајдов се уште беше жив и ми рече: „Бев сигурен дека ќе дојдеш...!“
Пријател е оној кој се враќа и кога другите ќе ве напуштат.