Еден сосема обичен ден во зграда

Стоиш пред зграда и се прашуваш кај ти е клучот од влезната врата (копаш по џебови – телефон, друг телефон, фискални сметки, ситни пари, истурени мастики, цигари, полнач за телефон, усб..).

eden-sosema-obicen-den-vo-zgrada

Додека ти се врти во глава зошто баш сега ја поправија и се чудиш дали да ѕвониш по домофоните кај комшиите за да ти отворат, излегува комшијата и ти става до знаење дека пак е скршена бравата и не ти треба клуч.

Влегуваш, а пред лифтот те начекува комшиката од втори. Љубезна, долго време омажена за мангуп што секој ден се шета низ зградата (демек вежба) и зјапа во градите на сите комшики.

- Добар ден – културен си.

- Добар ден, како си сине – ти вика комшиката.

- Еве добро, Вие?

- Се турка сине. Ме мачи артритис и јас стареам..78 години! Како вчера да беше кога одев на игранки со официрите. А сега? Седумдесет и осум години! (си викаш во себе дека и нас не чека ова. А била убава жена...).

Додека за неа „како сте“ е реторичко прашање и почнува да го раскажува целиот свој живот, пред лифтот те обзема реата од сите комшиски домаќинки: Задолжителна запршка која најчесто ја прават на тераса па како дувнал ветерот не дај боже да сушиш алишта на балкон, ќе си ги собереш перени со мирис на кромид... мириси на грав, мусака, ќофтиња, пита...А, од подрумот на скапана туршија, влага...

Стигнува лифтот (конечно).

- И вие идете на шести?

- Да, да.

Стискаш на копчето и се надеваш дека ќе стигнеш побрзо до горе. Ама на секој спрат по некој комшија стиска (без разлика дали иде нагоре или надоле битно е да те застане на негов спрат).

Во меѓувреме до горе тетката ти раскажува за внуците во Германија, колку се успешни и паметни (а кутрата не ги видела откако имале 2 години), те распрашува што прави татко ти како е мајка ти, зошто не дошле на гости, зошто не се појавиле на куќен совет...

Стигнуваш пред стан (пак го бараш клучот. Упаљач. Авионска карта од октомври. Фластер. Ејјј клуч!), мртов уморен едвај чекаш да легнеш кога класика: Децата од над вас сега решиле да играат фудбал дома... комшијата до тебе сега решил да буши... пред зграда децата баш сега решиле да играат баскет...

E.P. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg