Приказна: Колку значи поддршката во животот...
Татко со својот син се пријавиле во еден хотел и рецепционерот ги упатил кон нивната соба. Вработените не можеле, а да не ја забележат смиреноста кај господинот и бледото детенце. Откако се сместиле, се симнале во ресторанот на вечера.
Персоналот повторно забележал дека и двајцата се мошне тивки, а детето видно незаинтересирано за храната во чиниите. По вечерата, детенцето заминало во собата, а таткото побарал на рецепција да го види управителот на хотелот. Рецепционерот по навика прашал дали има некој проблем со собата или со услугата и веднаш понудил помош, но човекот одговорил дека станува збор за нешто сосема друго
Рецепционерот го повикал управителот кој мрзоволно дошол до рецепцијата. Гостинот го замолил да разговараат на само и отишле во неговата канцеларија.
Тој објаснил дека ноќева во хотелот со својот 14 годишен син кој е тешко болен и најверојатно нема да преживее... Детето наскоро требало да започне со трауматична терапија заради која ќе ја загуби косата. Дошле во хотелот за да поминат време сами заедно и затоа што детето сакало да си ја избричи главата за да покаже дека е посилно од болеста. Таткото додал и дека и тој ќе го направи истото во знак на поддршка на својот син. Затоа, го замолил управителот за малку разбирање кај персоналот кога следното утро ќе се појават ќелави на појадок.
Управникот го уверил таткото дека ќе го информира персоналот и дека сите ќе покажат почит.
Следното утро таткото и синот влегле во ресторанот на појадок.
Таму ги пречекале четворица келнери од хотелот кои си ги извршувале своите обврски сосема нормално, со избричени глави...