Мудра приказна: Зборовите не се доволни

Еден дечко му се обратил на својот духовит професор: „Професоре, ме советувавте секогаш да ги повторувам своите желби во мислите. Секојдневно повторувам како сакам радост и среќа во мојот живот но, радосни моменти во мојот живот ниту имало, ниту има. И понатаму сум подеднакво осамен и несреќен како и претходно. Што да направам?“

prikazna-zborovite-ne-se-dovolni-01

Мудриот учител мудро премолчел неколку секунди и пото започнал со дискусијата. Земал неколку предмети кои му се нашле во близина и го запрашал студентот:

- Кажи ми, што би сакал да имаш од овие предмети?

- Лажицата, одговорил студентот.

- Повтори го тоа сега 5 пати – побарал професорот.

- Ја сакам лажицата. Ја сакам лажицата... – повторувал студентот.

- Ете, видиш.. Можеш да повторуваш колку сакаш пати во денот дека ја сакаш лажицата, но нема да ја добиеш доколку не се помрднеш и не се потрудиш да ја земеш.

Само зборовите не се доволни, започни да преземаш нешто за работите кои ги сакаш.

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg