10 спомени од детството кои полека заминуваат во историјата

Како што поминува времето, така стануваме се позависни од технологијата. Кога последен пат сте добиле разгледница по пошта? Кога сте почувствувале потреба да купите речник во печатена варијанта?

10-spomeni-od-detstvoto-koi-poleka-zaminuvaat-vo-istorijata

Ова се 10 работи кои се помалку ги користиме со развојот на технологијата:

1. Телефонски говорници (а, порано се чекаше ред пред нив).

2. Радио касети со омилените хитови (па со моливче да ја одмоташ и замоташ лентата кога касетофонот ќе ти ја „изџвака“.

3. Телефонски именик во тефтерче.

4. Енциклопедија во печатено издание (Сигурно само 1000 зошто 1000 затоа ви стои на полиците).

5. Речник во печатена верзија (освен во некое мини рачно издание).

6. Фото албум (кога последен пат сте извадиле слики и сте ги сместиле во албум?).

7. Личен дневник (пред спиење, со тетратката во рака и пишување дневник – ех, ја нема веќе оваа навика кај децата).

8. Лексикон (порано другарките ни се потпишуваа во лексикон, па и го даваш дента да го земе дома и да ти каже што и е омилено јадење, животно, симпатија. Сега се тагнуваат на Фејсбук).

9. ТВ програма – (на времето едвај се чекаше петок за со весникот да излезе програмата да видиш што кога ќе има на телевизија).

10. Разгледници (се знаело, одиш на одмор и праќаш разгледници во оние ретро сандачиња – каде и да си, па макар и од Охрид. Сега – постираш слики од одмор на Фејсбук и редиш албуми!).

Би можело да ве интересира:

Гледавме „Опуштено“, купувавме филмови од тезга - Работи што ги правевме пред 15 години, а сме ги за... За во автобус купувавме хартиени билети, гледавме филмови на DVD со сомнително п...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg