Еве зошто си ми најдобра другарка...
Најдобри другарки сме затоа што ме сфаќаш. Не знам што точно тоа значи, но така е. Не морам да ти објаснувам ништо и не морам да се грижам дали ќе ми ги разбереш шегите. Ти веќе си разбрала и продолжуваш со наредната шега. Благодарам најмила! Навистина ми го олеснуваш процесот на социјализација.
Најдобри другарки сме затоа што ме сакаш дури и кога сум најодвратна. Лесно е да сакаш некој кој секогаш е добро, лесно е кога нема ништо друго освен среќа и позитивни вибрации. Вистинскиот предизвик доаѓа кога ништо не е на место. Кога луѓето не сакаат да бидат околу мене, не се вклопувам во друштво и сум тотално вон социјалните случувања. Но, ти не се преоптоваруваш со тоа. Ти сепак ќе излезеш и ќе седнеш со мене на кафе и еден маратонски разговор.
Најдобри другарки сме затоа што можеш да дојдеш со мене каде и да било и ти ќе се прилагодиш. Без разлика дали е тоа некоја прокласна забава или неподнослив фамилијарeн настан, ти ќе се справиш со тоа како шампион. Не морам да се грижам дали ќе те оставам сама или дека морам да те забавувам. Ти ќе си ја вршиш својата работа, јас мојата и ќе се најдеме за еден час на шанкот.
Најдобри другарки сме затоа што никогаш не ми правиш да се чувствувам непријатно. Кога размислувам за повеќето мои другарки сфаќам дека имало моменти кога ми направиле да се чувствувам чудно. Дали тоа била непријатна тишина или непотребни коментари...Но, ти не го правиш тоа. Со тебе секогаш е пријатно и секогаш има смисла.
Најдобри другарки сме затоа што можеме да не бидеме во комуникација малку подолго време и сепак тоа да не ни го наруши односот. Секогаш продолжуваме од таму каде што сме застанале. Површинските промени речиси не значат ништо за нас. Можеш да смениш некои навики, да почнеш да се облекуваш чудно и да се интересираш за чудни работи, но тоа нема да ме спречи да те чувствувам исто толку блиска како и претходно. Нас не ни треба заеднички интереси за да се поврземе. Не ни треба да ја сакаме истата музика или спортови или што и да е друго за да останеме другарки.
Најдобри другарки сме затоа што ти не стануваш љубоморна или огорчена ако почнам убава врска или добијам одлична работа. Можеби и си љубоморна и тоа би било во ред, но не ми правиш лошо на мене или јас да се чувствувам виновна.
Најдобри другарки сме затоа што ти не се плашиш да ми кажеш отворено што не е во ред со мене или да не се согласиш за одредени работи. Кај тебе не ми поминува се и сешто, сепак ме држиш прибрана. Ти немаш проблем со тоа да ми кажеш некои работи кои би требало да ги слушнам, но сите други се плашат да ми ги кажат. Твојата искреност и отвореност е освежувачка за мене, но понекогаш и како горчлива голема таблета која треба да ја проголтам.
Ние сме најдобри другарки затоа што ми помагаш да не се чувствувам толку осамена на овој чуден, луд свет. Неверојатно е колку често човек може да се чувствува неповрзан со се наоколу. Колку луѓе можат да те изневерат и разочараат или да не успеат да ги разберат зборовите што ги кажувам. Кога ќе те видам тебе се смирувам и сфаќам дека не сум единствена која гледа на светот така. Има и некој друг. Тоа си ти.