48 важни нешта кои ги научив за животот
- Дури и ако нешто не се плаќа со пари, не е бесплатно заради тоа што одзема време.
- Тензијата во стомакот не е само измислено чувство. Тоа се јавува како последица на нешто што вистински чувствувате, надвор од сите ваши аргументи и принципи кои ги имате.
- Сите мислат дека се натпросечни возачи.
- По обичај, луѓето размислуваат претерано долгорочно.
- Ако на нешто вреди да се потроши повеќе од вообичаено, тогаш тоа е душек за спиење. Ќе поминете една третина од вашиот живот користејќи го.
- Нема ништо полошо од тоа да немате пријатели.
- Зборовите се неизмерно моќни. Една сурова забелешка е доволна за некој да ја запамети цел живот.
- Многу е лесно да разубавите нечиј ден со самото тоа што ќе бидете пријатно расположени со нив.
- Вредно е да ги пробате неколку пати јадењата кои отпрво не ви се допаднале.
- Кога проблемот веќе ќе се појави, се јавува истото чувство како чувството кога се плашиме од нив пред да се појаваат.
- Ништо никогаш не се случува онака како што сте замислувале.
- Северноамериканците се генерално страшни во прифаќањето на комплименти и понудите за помош.
- Во светот нема доволно жени кои располагаат со моќ. Светот страда од овој дефицит веќе подолго време.
- Секој може да се смири гледајќи само во океан или во ѕвездите.
- Животот е соло патување, но ќе има многу посетители и придружници. Некои од нив се долгорочни, но повеќето не се.
- Колку помалку контрола имате, толку повеќе другите ќе ја имаат и за вас.
- Ајнштајн бил повеќе мудар отколку што бил интелигентен, затоа и важи за гениј.
- Посакувањето работите да бидат поразлични отколку што се е одличен начин да се измачувате себеси.
- Можноста да се биде среќен не е ништо повеќе од прифаќањето на работите на начинот на кој тие се менуваат.
- Убивањето на времето е злосторство. Тоа е непроценливо и никогаш не се враќа назад.