Приказна - Кажи порано

prikazna-kazi-porano

Тој беше голем маж, со силен глас и одлучни движења.

Таа беше нежна и чувствителна.

Се земаа.

Тој се трудеше ништо да не и недостасува, а таа внимаваше на куќата и ги одгледуваше децата.

Децата растеа, се оженија и омажија, па појдоа по својот животен пат... вообичаена приказна.

Кога сите деца беа згрижени, жената почувствува некоја тага, сè повеќе слабееше и пропаѓаше.

Бидејќи веќе не земаше храна, падна во постела. Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница.

Околу неа се трудеа сите лекари и познати специјалисти, но не можеа да ја пронајдат причината на болеста. Само ги креваа рамениците и мрмореа: Хм..хм...

На крајот еден од нив го повикал нејзиниот маж и му шепнал: „Јас би рекол дека вашата сопруга... едноставно нема повеќе воља за живот.“

Човекот ништо не одговорил. Седнал на креветот и ја земал жената за рака.... нејзината рака се изгубила во неговата оргомна дланка.

Ја погледнал и со длабок и одлучен глас и рекол:

- Ти нема да умреш!

- Зошто? Го запрашала таа едвај чујно.

- Затоа што ми требаш!

- А зошто тоа не ми го кажа порано?

Немојте никогаш да чекате утре за некому да му кажете дека го сакате.

Кажете го тоа веднаш.

Немојте да речете: „Мојата мајка, мојот син, мојата жена... тие тоа веќе и онака го знаат.“

Можеби го знаат, но никогаш никој не се уморил слушајќи ја саканата личност како тоа и го повторува.

Не гледајте во часовниот, земете го телефонот и кажете: „Јас сум, само сакам да ти кажам дека те сакам.“

Стиснете ја раката на личноста која ја сакате и кажете и: „Ми требаш! Те сакам...те сакам....“

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg