А, што правиш ти?
Еден бруцош полн себе додека се шетал во паркот, си зел за право да му објасни на еден постар господин кој седел на клупа, зошто постарата генерација не може да ја разбере неговата генерација.
„Вие сте растеле во различен свет, речиси примитивен“ – рекол бруцошот доволно гласно за да го чујат и другите наоколу.
„Денес младите растат со телевизија, интернет, млазни авиони, патувања во вселената... Имаме нуклеарна енергија, бродови, мобилни телефони, компјутери со брзина на светлината...и многу други работи.“
После пократка пауза, постариот господин му одговорил:
„Да синко, во право си. Сите овие работи не сме ги имале кога бевме млади...па затоа ги измисливме. А сега ти, мало арогантно детиште, што правиш ти за следната генерација?“
Аплаузот на присутните наоколу бил громогласен.