Писмо од родителите
-->
Ова е за сите кои имате родители, за сите оние кои се родители, за сите кои ја почувствувале убавината на родителската поврзаност со детето...
Драг/а сине/ќерко:
-->
- Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.
- Ако се накапам додека јадам, и ако сам не можам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на часовите кои ги имам потрошено додека јас те научив на сето ова.
- И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав исти работи да ти ги кажувам по сто пати.
- Ако не сакам да се мијам и капам, не ме исмејувај и не ме вреѓај, сети се како морав да те молам и убедувам за да те однесам во купатило.
- Кога ќе видиш дека не ја познавам новата технологија и не се снаоѓам, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот.
- Ако некогаш во разговор заборавам, или ја изгубам мислата, дај ми малку време да се присетам и ако не можам немој да ми се потсмеваш, зошто мене не ми е најважната работа на светот нашиот разговор, туку да бидам со тебе и да знаеш да ме слушаш.
- Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.
- Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како кога јас тебе ти ја подавав раката кога прв пат проодуваше.
- И ако ти кажам дека не сакам да живеам, сакам да умрам, немој да ми се лутиш. Еден ден ќе ме разбереш.
- Еднаш ќе сфатиш дека сите мои грешки и строгост кон тебе, биле направени само затоа што сум ти сакал сè најдобро и да те подготвам за понатамошниот дел од животот.
- Не ме ожалостувај, не лути се и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков покрај себе. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и помогни ми исто така како што јас ти помогнав кога почна да живееш.
- Биди ми потпора, помогни ми да го завршам ова патување со љубов и трпение. Јас ќе ти вратам со насмевка и неизмерна љубов како и секогаш.
Те сакам сине/ќерко.
Би можело да ве интересира:
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“
Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“
„Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“
„Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето
Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав
Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“
„Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...