Спомени од детството: Нашите школски денови
Како што почна и школската година, така и голем дел од нас се навратија на школските денови. Оние кои имаат дечиња сигурно на големо ги спремија со ранци, тетратки, моливчиња, дрвени боички, блок, гуми, комплети...
Во наше време најпопуларни беа ранците со саати или големи цврсти правоаголни чанти поголеми од нас.
Главни и „богати“ беа оние кои имаа од моливите со мини на менување, миризливи гуми и дополнителен комплет со дрвени боички, острилки и мрсни боици. Уште и ако имаш автоматски комплет на дугмиња – подобро криј го во ташната пред да ти го расипат од стискање.
На ликовно носевме блокови во зависност од оделението соодветна бројка – Блок Број 5, 6, 7...обавезно колаж, лепак за хартија Карбофикс, водени боици, чашки и четки со различна дебелина...
На сите ни беа виткани книгите со налепници со име и презиме, подоцна и во специјални навлаки.
Некои од овие предмети можеби имате сочувано, но еве и на кратко да ве потсетиме.
-->
-->
|