Ти си шеф!

ti-si-shef

Кога бил создаван организмот, сите органи сакале да бидат Шеф. Мозокот рекол: „Затоа што јас управувам со сите делови на телото, јас ќе бидам шеф!“

Нозете рекле: „Ние го носиме организмот таму каде Мозокот сака и правиме сè што ќе нареди. Ние треба да сме Шефици“.

Истата желба ја изразиле и Очите, Рацете, Срцето...Сите органи сакале да бидат шеф.

На крај и задникот изјавил дека сака да биде шеф.

Сите се насмеале и рекле дека е апсурдно еден газ да биде шеф.

Тој се навредил, се потсобрал и одбил да ги завршува своите задачи што предизвикало последици: Мозокот се поматил, очите подизлегле надвор, нозете почнале да се тресат, рацете исто, а срцето со тешкотија ја завршувало својата функција.

На крајот сите го молеле мозокот да му дозволи на задникот да биде Шеф.

Така и било. Сега сите нормално си ги завршуваат своите функции, а задникот само седи и се*е.

Наравоучение:

За некој да стане шеф, не мора да биде гение, доволно е да биде „задник“.

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg