Чувството кога ќе помогнете некому...
Надвор се стемнува. Излегов да прошетам. Во куќите се спуштаат ролетните и трескаат вратите. Тоа е знак дека времето за посети во тие куќи завршило! Од секаде се слушаат вклучените телевизори, сите се дома, до каминот, се топлат. И така шетајќи на мојата улица, забележав прекрасна слика, слика која ми го исполни срцето. Татко, мајка и две дечиња топло облечени решиле да прошетаат како мене. Толку беа среќни, чинам дека се чувствуваа како единствени на светов.
Од другата страна на улицата, на тротоарот седеше едно девојче. Молеше некој да и даде 10 денари. Така гледајќи ја срцево не ми издржи да помине а да не и дадам една пара. Си реков : „Сепак не било се така розово“.
Беше облечена во една маичка. Панталоните иако и беа долги, исто како и да не го носеше. Целите беа испокинати. Се тресеше од студот. Не се плашев да и пријдам и да и помогнам. Тргнав накај неа, но си го поставив прашањето : „ Како ти Ана би можела да и помогнеш ? “ Немав избор, веќе бев на пола пат. Се доближив до неа и во тој момент нозете ми се пресекоа. Девојчето ја крена наведната глава и ме погледна право во очи. Тие крупни зелени очи како да сакаа низ солзите да ми кажат дека таа не треба да биде тука, дека животот И КОН НЕА бил суров. Ја подаде раката и ми рече : „Ако имаш, дај ми неколку денари!“
Таа зборуваше, а мене конци од срцево ми параше. Си реков : „Еј Ана погледни што се случува околу тебе. И тие се деца, и тие сакаат нешто - но не можат да го имаат. Помогни и, ти можеш .“ Но, навистина која сум јас па да можам да и помогнам?!?
Ја донесов дома, тоа беше најдоброто решение. И дадов да јаде и бев среќна додека ја гледав. Јадеше и не пребираше. Ја прашав каде и што понатаму... замислете таа ми одговори : „ Кога имаш барем еден родител, имаш куќа, светлина, храна и облека. Јас немам пат... и не знам по кој ќе одам понатаму.. Но, ја знам улицата.... “
Зарем тоа девојче кое просеше ми го рече тоа ? Запрепастена бев. Таа толку многу знае, а нема кој да и го осветли патот. Нејзините ѕвезди водилки изгасиле предвреме. Многу ми е жал што немав можност подолго да разговарам со неа, таа си замина. Ми рече само:
„Фала. Господ е со тебе и нема да заборави што направи денес за едно мало, распарталавено девојче. Девојче што не го знаеш ни познаваш!“
Седнав на прагот од мојот дом, и сфатив дека баш тие луѓе кои подале рака да просат, баш оние кои имаат најголем срам да ја подадат истата, се најискрените и најпаметните луѓе. Само што животот и судбината си поиграле со нив. А тие не се оние кои би можеле да ја променат таа нивна игра. Тоа девојче ми покажа дека треба да го ценам тоа што го имам, да не барам многу и најважно од се - повторно да им помагам на тие луѓе. Затоа што тие по статус во општеството се мали, но со големи срца. Секој еден ги малтретира, ги угнетува и омаловажува - а тие молчат.
ЗОШТО ?
Затоа што во светот постојат милијарда луѓе, а ретко меѓу нив да се најде ЧОВЕК!
Текстот ни го испрати Ана Ризовска.