Игор Џамбазов за CRNOBELO лексикон: „Немам деца, а би сакал да имам“

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Химен. Мој беше и гласот на цртаниот.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Бегање од школо.

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

Срушив трафика на Нова Македонија со моторче, кога имав 13 години.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-03.jpg

17. Дали некогаш си се степал?

Никогаш. А ме истепале неколкупати.

18. Што правиш во слободно време?

Пишувам...

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?

Во осумдесеттите, кога бев младо момче и кога Господ одеше по земја.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-02.jpeg

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Деца...

21. Од што се плашиш?

Од себе.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Светле од Козле, не знам каде е и што е, а би сакал да знам.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-01_1.jpg

23. На која песна откачуваш во кафеана?

„I tebe sam sit kafano“.

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Си купив мало мерцедесче од Ваташа, вреди многу повеќе од тоа што го платив.

25. Кое е најубавото место на светот?

Дојран, без конкуренција.

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-05.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?

Игор: Дали често доаѓаш во Дојран, и зошто не?

CRNOBELO.com: Како редакција досега не сме биле, но имаме колешки што редовно доаѓаат и си пишуваат текстови за посетите.

Доаѓаат на прошетка, на крапче, на бањање, на Д-Фест и знаат да ги споделат искуствата, а доказ за тоа се и текстовите објавени на CRNOBELO.com...

igor-djambazov-za-crnobelo-leksikon-nemam-deca-a-bi-sakal-da-imam-10.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg