Маја Кикириткова за CRNOBELO лексикон: „Од мала ги прекројував фустаните на мајка ми“

13. Кој ти е идол, а да не е позната личност?

Мајка ми.

14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?

Ариел.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Играње со Барбики, правење сарми од кал и листови, ластик, жмурка, прекројување фустани на мајка ми…

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-04.jpg

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

За мене во тој момент голема, но всушност не е беља. Татко ми ми купи ролери, мајка ми беше против, а јас имав и нови тренерки.

Ги облеков тренерките и ролерите и паднав по удолница, ги скинав тренерките, колениците цели крвави, па не знаев како да се појавам пред мајка ми (поради тренерките).

17. Дали некогаш си се степала?

Не.

18. Што правиш во слободно време?

Баш и немам слободно време, со оглед дека децата ми се уште мали, па бараат анимации. Некако секогаш ми фали време.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-10.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Не би сакала, убаво ми е во моментов со децата и сопругот. Можеби само би го вратила времето кога Скопје имаше убав ноќен живот.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Куќа на море, но манифестирам, ха, ха.

21. Од што се плашиш?

Од смрт на близок, пред мојата.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-07.jpg

22. Кој ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Еден дечко од маало.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

„Скитница“, Маринко Роквиќ.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-11.jpg

24. Најдобро потрошени пари во животот?

На патување.

25. Кое е најубавото место на светот?

Дома со моите најблиски.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-02.jpg

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Маја: Која била најинтересна личност со која сте имале интервју?

CRNOBELO.com: Ги има многу, а тоа се сите личности кои споделиле ексклузивни информации или откриле некоја своја тајна за нашите читатели.

maja-kikiritkova-za-crnobelo-leksikon-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg