Кире Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Кошарка ми е омилен спорт, обожавам македонска народна музика“

„Многу сакав да играм џамлии и фудбал на улица со другарите. А бев голем бељаџија како дете“, напиша селекторот Кире Лазаров во нашиот лексикон.

kire-lazarov-za-crnobelo-leksikon-kosharka-mi-e-omilen-sport-obozhavam-makedonska-narodna-muzika-01.jpg

Кире Лазаров, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.

Во искрен разговор за своите тинејџерски денови, тој ни откри дека бил голем бељаџија како дете и често знаел да се степа, а дека најмногу уживал кога со другарите од детството, кои му се искрени пријатели и денес, играл џамлии или фудбал на улица.

kire-lazarov-za-crnobelo-leksikon-kosharka-mi-e-omilen-sport-obozhavam-makedonska-narodna-muzika-03.jpg

Дали се сеќава на првата симпатија, кои му се омилените песни и во кое доба би се вратил ако има временска машина, прочитајте во лексиконот:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Кирил Лазаров, немам прекар.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

43 години, роден сум на 10 мај 1980, а во хороскоп сум Бик.

3. Која ти е омилена песна? Пејач и пејачка?

Калиопи и Каролина Гочева ми се омилени пејачки, а песни се „Една песна јас да запеам“ и „Налеј, налеј“.

4. А омилена книга?

„Калуѓерот што го продаде своето Ферари“ од Робин Шарма.

5. Омилен глумец, глумица?

Џим Кери и Анџелина Џоли.

kire-lazarov-za-crnobelo-leksikon-kosharka-mi-e-omilen-sport-obozhavam-makedonska-narodna-muzika-05.jpg

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Омилен спорт ми е кошарка, а клуб Barcelona. Омилени спортисти ми се Новак Ѓоковиќ и Лионел Меси. Инаку навивам за Barcelona и за клубовите каде што тренер е Пеп Гвардиола.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Да, имам куче Тоби.

8. Кој ти е среќен број?

7.

9. Кој ти е омилен виц?

Немам омилен виц што го кажувам, иако сакам да слушам и читам вицови.

kire-lazarov-za-crnobelo-leksikon-kosharka-mi-e-omilen-sport-obozhavam-makedonska-narodna-muzika-04.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Сакам да пијам кафе и вино црвено. А од храна омилено ми е пилешко во кари сос со ориз.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Имам многу добри и искрени другари со кои се дружам уште од детството.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев солиден ученик, но немав многу време да се посветам на училиштето поради ракометот. Но, омилен предмет ми беше историја.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Немам таков.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg