Зошто секогаш ни е најубаво кај баба и дедо?

Никогаш нема да останете гладни (а секогаш има и нешто благо)

Има ли нешто што баба не може да направи? Секако дека не! Од пита со јаболка, до домашни колачиња, кифлички… нема ништо слично со кујната на баба.

Не само што таа е најдобрата готвачка, туку нејзината мисија е секогаш да понуди нешто вкусно и слатко за јадење.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-06.jpg

Тие се одлични слушатели

Баба и дедо внимателно ќе го слушаат секој збор. Од броење до 10 и кажување на азбуката, па сè до вашите планови, соништа и интереси, никогаш нема да ве игнорираат и секогаш ќе ви бидат најголема поддршка.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-07.jpg

Баба и дедо даваат одлични совети

Бабите и дедовците знаат како треба најдобро. Не само затоа што го сакаат најдоброто за вас, туку најверојатно се соочиле со исти или слични ситуации, па годините им донеле повеќе мудрост.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-08.jpg

Тие умеат да разгалуваат

Баба и дедо разгалуваат со прегратки, нежност, внимание, љубов, пари… Баба и дедо не кријат дека нивниот свет се врти околу вас.

Тие дозволуваат да јадете слатки работи колку сакате, да останувате до доцна, а најдоброто нешто кај нив е нивната безусловна љубов.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-10.jpg

Па, имајќи предвид колку е важна нивната улога во вашиот раст и развој, не заборавајте денес да им дадете екстра прегратка и да поминете повеќе време со нив. Љубовта на баба и дедо нема цена!

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg