Зошто секогаш ни е најубаво кај баба и дедо?

Баба и дедо разгалуваат со прегратки, нежност, внимание, љубов, пари… Баба и дедо не кријат дека нивниот свет се врти околу вас.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-01.jpg

За повеќето деца, престојот кај баба и дедо е нешто незаменливо. Бабите и дедовците секогаш се среќни што ги гледаат своите внуци, па кај нив секогаш сè е дозволено.

Баба секогаш има скриено некое бонбонче, а дедо секогаш има да сподели мудра приказна. Баба секогаш нуди топла прегратка и слатко јадење, а дедо знае да ни покаже нова животна вештина.

Постојат многу причини зошто бабите и дедовците се незаменлив дел од животот на секое дете, а во продолжение само мал дел од нив:

Баба и дедо не знаат да кажат „не“

Изгледа дека бабите и дедовците се обидуваат да ги надоместат сите оние „не“ што ги кажале родителите, со тоа што ќе кажат „да“ речиси на сè.

Може ли уште едно парче торта? Да! Може ли да гледам телевизија до подоцна? Да! Може ли да играме со карти по стоти пат денес? Секако дека да!

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-02.jpg

Баба и дедо ги раскажуваат најубавите приказни

Не само што ќе ги раскажат сите „засрамувачки“ приказни од деството на родителите, баба и дедо може да ве вратат назад во времето, раскажувајќи приказни од нивните млади години.

И, во ретките моменти кога тие нема да имаат што да раскажат, ќе ја отворат нивната имагинација и ќе ве внесат во нов свет.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-03.jpg

Тие се одлични во улога на дадилки

Децата секогаш се возбудени кога знаат дека ќе спијат кај баба и дедо, а родителите може да бидат спокојни и без чувство на вина, затоа што ќе знаат дека децата подобро се забавуваат со нив.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-04.jpg

Нивната куќа е преполна со уникатни работи

Истражувањето на куќата на баба и дедо е вистинска атракција. Стара облека, стара видеокамера, фотографии од родителите, стари предмети кои веќе не се употребуваат…

Повеќето баби и дедовци чуваат навистина многу стари работи, така што децата обожаваат да истражуваат кај нив.

zoshto-sekogash-ni-e-najubavo-kaj-baba-i-dedo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg