Зошто секогаш ни е најубаво кај баба и дедо?
Баба и дедо разгалуваат со прегратки, нежност, внимание, љубов, пари… Баба и дедо не кријат дека нивниот свет се врти околу вас.
За повеќето деца, престојот кај баба и дедо е нешто незаменливо. Бабите и дедовците секогаш се среќни што ги гледаат своите внуци, па кај нив секогаш сè е дозволено.
Баба секогаш има скриено некое бонбонче, а дедо секогаш има да сподели мудра приказна. Баба секогаш нуди топла прегратка и слатко јадење, а дедо знае да ни покаже нова животна вештина.
Постојат многу причини зошто бабите и дедовците се незаменлив дел од животот на секое дете, а во продолжение само мал дел од нив:
Баба и дедо не знаат да кажат „не“
Изгледа дека бабите и дедовците се обидуваат да ги надоместат сите оние „не“ што ги кажале родителите, со тоа што ќе кажат „да“ речиси на сè.
Може ли уште едно парче торта? Да! Може ли да гледам телевизија до подоцна? Да! Може ли да играме со карти по стоти пат денес? Секако дека да!
Баба и дедо ги раскажуваат најубавите приказни
Не само што ќе ги раскажат сите „засрамувачки“ приказни од деството на родителите, баба и дедо може да ве вратат назад во времето, раскажувајќи приказни од нивните млади години.
И, во ретките моменти кога тие нема да имаат што да раскажат, ќе ја отворат нивната имагинација и ќе ве внесат во нов свет.
Тие се одлични во улога на дадилки
Децата секогаш се возбудени кога знаат дека ќе спијат кај баба и дедо, а родителите може да бидат спокојни и без чувство на вина, затоа што ќе знаат дека децата подобро се забавуваат со нив.
Нивната куќа е преполна со уникатни работи
Истражувањето на куќата на баба и дедо е вистинска атракција. Стара облека, стара видеокамера, фотографии од родителите, стари предмети кои веќе не се употребуваат…
Повеќето баби и дедовци чуваат навистина многу стари работи, така што децата обожаваат да истражуваат кај нив.