Кент, Монопол, Брза географија - Друштвени игри што будат носталгија и ќе ве потсетат на детството
Се сеќавате ли на друштвените игри што ги игравме како деца? Колку од вас сѐ уште ги помнат правилата за играта: „Не лути се човеку“? Ги играте ли сѐ уште со своите деца?
Кога температурите ќе паднат, веќе не се игра надвор, а безгрижните игри со ластик, џамлии и топка се заменуваа со друштвени игри.
Многумина се сеќаваат дека ги игравме со семејството, а понекогаш и со другарите кога ќе се соберевме на гости кај некого.
Кој беше тој што постојано се лутеше кога губи, а кој успеваше секогаш да победи? Како поминува времето, сфаќате дека овие игри биле мошне важни и уште од мали нозе нѐ учеле дека не е важно секогаш да се победува, туку дека е најважно дружењето и забавата, но и спомените што го носиме со себе од безгрижните детски денови.
Во продолжение да се потсетиме на некои од друштвените игри што ги игравме како деца и сѐ уште ни будат носталгија: