Белег на македонската култура и наша гордост: Како се изработувале македонските народни носии?
Гобленската техника се везените е претставена во носиите од Прилепско-битолската Котлина и од Мариово, кои импресионираат со богатството на мотиви и доминантната пламено-црвена боја.
Традиционалниот вез на женските кошули од овие подрачја зачувал една монументална стилска композиција, а од неа како да одблеснува сјајот на византискиот текстил. Најчесто се извезени во соодветни бои не само мотивите, туку и самиот фон, така што везот има ефект на ткаенина. А прилепските и битолските сокаи се вбројуваат меѓу најубавите во Македонија.
Во везовите на женските носии од Кичевијата и Порече доминираат геометриските мотиви во раскошни комбинации, а по орнаменталниот карактер и смелите разнобојни решенија на одделни примероци, овие везови се доближуваат и до најсовремените ликовни настојувања.
Денес, овие прекрасни и стари носии се само спомен од минатото, некои чувани во домовите како аманет од прабабите, други изложени во музејските витрини.
Но, вистинска убавина е кога ќе се видат овие носии на сцената изведувајќи некои од многуте македонски ора, традиција која не смее да заборави.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: Википедија, depositphotos.com