Кујунџија, самарџија, јорганџија - Старите македонски занаети стануваат спомен од минатото

„Порано не се учеше школо, се учеше занает“ – често знае да каже мојот 82-годишен дедо. Да се биде занаетчија, да се знае занает, било чест и гордост. Денес, низ скопската чаршија можат да се видат само уште неколку дуќани кои успешно му пркосат на модерното време...

kunjundzija-samardzija-jorgandzija-kazandzija-nekogash-zanaetchii-koi-nadaleku-bile-poznati-denes-na-rabot-na-zaboravot-01.jpg

Македонските занаетчии надалеку биле познати по своите мајстории, а чаршиите и еснафите биле полни со дуќани кои продавале самари, казани, јоргани, кожени производи, шеќерни бонбони и локум, опинци и најразлични алати за земјоделие.

Денес, голем дел од овие занаети се само спомен од минатото, откако модерното време, фабриките и индустријализацијата ги фрлија во заборав. Празни дуќани низ чаршијата, некои уште отворени, но натежнала прашина на полиците со рачно изработени предмети. Само по некој љубопитен турист влегува за да фотографира.

Сè до почетокот на Втората светска војна, занаетчиската дејност била широко распространета низ македонската територија и била главен финансиски извор за многу фамилии. Да се биде занаетчија, да се знае занает, било чест и гордост.

Во минатото, македонските занаетчиски производи биле познати и барани поради својот квалитет и истите, освен на локалните, се продавале и на пазарите низ Европа и во Азија.

Во Македонија биле развиени бројни занаети како кожарскиот, златаро-кујунџискиот, казанџискиот, ковачкиот, калајџискиот, шеќерџискиот, столарскиот, ткајачкиот, лончарскиот, самарџискиот и сарачкиот.

Гордост било да си занаетчија

„Порано не се учеше школо, се учеше занает“ – често знае да каже мојот 82-годишен дедо. Во своите младешки години го изучил браварскиот занает, а неговиот помал брат - фурнаџискиот и работел како бурекчија.

Младите момци ги праќале да бидат чираци, за да научат занает кој подоцна „ќе им носи леб во домот“. А, чираците сериозно си ја сфаќале улогата на помошници, па како што вели дедо ми, жедно го впивале секој совет, секој збор од големите мајстори.

Непишано правило било дека секој занаетчија морал да обучи барем по еден син, што придонело кон пренесување на занаетот од колено на колено и создавање занаетчиски семејства. На тој начин, имињата кои тие ги уживале како прекари прераснале дури и во нивни презимиња.

Денес младите немаат желба да изучуваат занаети, сите сакаат модерни професии и кариери кои не бараат многу макотрпна работа. Сепак, занаетчиството не е лесно, бара талент и посветеност.

Казанџии, јорганџии, златари и шапкари

Низ скопската чаршија, денес можат да се видат само уште неколку дуќани кои успешно му пркосат на модерното време.

Во скопската чаршија сè уште постојат занаетчиски дуќани како јорганџија, крзнар, шапкар, кујунџија, грнчар, часовничар, казанџија, златар и, мене омилениот, малиот дуќан со црвено-бели шеќерчиња и шарена леблебија на крајот на чаршијата, близу пазарчето.

Јорганџиите порано имале и свој јорганџиски еснаф. Овој занает почнал да се развива откако во градот почнале да се употребуваат кревети за спиење. Шарени и тешки јоргани некогаш ја краделе чаршијата на брегот на Вардар.

Казанџиите имале свој еснаф и посебна чаршија, Казанџиска.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg