Кујунџија, самарџија, јорганџија - Старите македонски занаети стануваат спомен од минатото

Ковачкиот занает е еден од најстарите занаети во Македонија. Вредните мајсторски раце произведувале садови за јадење и пиење, како и други предмети од бакар.  Пред навлегувањето на порцеланските садови, во употреба биле садовите од бакар.

Кујунџиската чаршија и еснаф уште се нарекувале и златарски, а покрај изработката на накит, прстени, обетки и ѓердани, тие биле познати и по изработка на крстови од сребро и злато за цркви и манастири, кандила и рамки.

И денес, најпозната е златарската уличка во чаршијата, чиј сјај ги мами и туристите и локалците.

kunjundzija-samardzija-jorgandzija-kazandzija-nekogash-zanaetchii-koi-nadaleku-bile-poznati-denes-na-rabot-na-zaboravot.jpgфото: Фејсбук

Еден занает, кој порано бил најсилниот и најпочитуваниот еснаф во чаршијата, денес и не постои. Нивната чаршија била во Ќурчи-ан.

Името го добиле по изработката на ќуркови - горна облека (палто од кожа). Ќурчиите сами ја штавеле кожата, односно ја приготвувале суровината, а крзнарите користеле готова суровина - кожа од разновиден дивеч.

Ќурчиите купувале јагнешки, овчи и други кожи, ги штавеле, потоа ги поставувале на џубиња и друга облека, а од овчите кожи за селаните правеле кожуви.

Кожарите, пак, биле тие кои ја преработувале кожата и биле познати како извозници на сурова кожа, а кожарските работилници за трговија со материјал за обувки, заедно со чевларскиот занает, биле тесно поврзани со папуџискиот занает.

Опинчарите изработувале опинчарски производи за пазарите или по порачка. Дури и денес постои традиција - мало дете штом ќе прооди му се подаруваат кожени опинци. Една од поубавите македонски традиции што некои ја негуваат.

Папучарите изработувале папучи од штавена кожа, но не произведувале опинци од штавена кожа, бидејќи тоа го правеле опинчарите. Овој еснаф се делел на дустабанлии и чизмари. Првите изработувале папучи, а вторите чизми.

kunjundzija-samardzija-jorgandzija-kazandzija-nekogash-zanaetchii-koi-nadaleku-bile-poznati-denes-na-rabot-na-zaboravot-04.jpgфото: Фејсбук

Самарџиите изработувале самари за коњи и магариња, занает кој одамна го нема во чаршијата, но порано бил надалеку познат поради умешните раце на мајсторите. За изработка на самарите тие користеле дрво, јута и кожа.

Од занаетите со храна, познати биле фурнаџискиот или пекарски, леблебиџиски занает, касапско-месарскиот занает, како и слаткарите и бозаџиите. Фурнаџиите покрај месењето на леб и печива, вршеле и услуги како печење леб и месо во своите фурни. А, слаткарите имале и своја шеќерна чаршија каде познати биле по тулумбите и алвата.

Терзиите исто така биле познати мајстори кои кроеле облека од тенок материјал.

Саатџиите биле едни од најпочитуваните, бидејќи знаеле да го поправат секој часовник и да го наместат точното време.

Свеќарите се викале и мумџии, а се занимавале со изработка и продажба на свеќи, а некои продавале и кандила и темјан.

Грнчарите изработувале стомни, бардаци, тави и други садови од глина. Глината се обработувала рачно, со помош на тркало и колце.

Порано, глинените садови се користеле во секое домаќинство, а денес се само дел од декорацијата во домот.

И додека животот продолжува брзо да тече и да се менува, остануваат спомените за едно дамнешно време, за занаетите, културата и традицијата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg