Соби без прозорци и пропаднати кревети, но многу искуства и дружби – Убавината и предизвиците на студентскиот живот

Студентскиот живот е академија на животот. Сметам дека самиот процес на студирање е една добра подготовка за истиот. Лекција исполнета со многу предизвици и искушенија кои, пред сè, имаат за цел да нè научат на исклучително важни работи кои ќе ни бидат од голема корист во понатамошниот развој. Секој почеток е тежок, но верувам дека кога еден ден ќе ја имаме дипломата во нашите раце, тогаш сите тешки моменти ќе се заборават и ќе станат дел од нашите спомени.

studentskiot-zivot-e-akademija-na-zivotot-eve-so-koi-predizvici-jas-kako-student-se-soociv-01_copy_copy.jpg

Не рекле попусто дека студентскиот живот е најубавиот период од животот. Млад си, го одбираш сопствениот животен пат, носиш сериозни одлуки, запознаваш нови страни од себе, во твојот живот доаѓаат нови луѓе и, што е најважно, созреваш на многу начини.

Искрено, можеби повеќе ви пишувам од личен пример, бидејќи сум студент и само што запишав прва година, па можам слободно да кажам дека ништо не е исто како досега.

Студентскиот живот со себе носи сериозни предизвици. Особено ако изберете да студирате во друг град како што тоа го направив јас.

На самиот почеток ќе бидеш сопнат од пречките поврзани со сместувањето. Нашироко е познат фактот дека во студентските градови цените на становите за студенти се превисоки за наши стандарди.

А, за условите кои се нудат да не зборувам. Соби без прозорци, пропаднати кревети, влага и друго.

Можеби некој ќе рече, доколку немаш финансии за да живееш под кирија тогаш имаш студентски домови.

Би се сложил дека тоа е така, месечната кирија е со сигурност многу поевтина, но за жал условите се еднакви на катастрофа. Од она што ми го кажувале студенти кои веќе живееле во студентски дом, условите се повеќе од загрижувачки.

studentskiot-zivot-e-akademija-na-zivotot-eve-so-koi-predizvici-jas-kako-student-se-soociv-02_copy_copy_copy.jpg

Од друга страна, пак, ми кажале дека животот во студентски дом е најубав. Највеќе поради дружбите, групното учење, запознавање деца од целата држава, забавата...

Сепак, на крајот од денот, се сè сведува на индивидуално мислење и на личен избор на студентот.

Би ги споменал и родителите. Бидејќи, не би сакал да заборавиме на сите родители кои прават сериозни напори за да му овозможат образование на своето дете.

Бидејќи, не секое семејство може месечно да одделува одредена сума пари и да му ја дава на своето дете. Тие родители се вистински херои за своите деца бидејќи без разлика на сè, наоѓаат начин за да ги школуваат своите деца.

Одделувањето од дома е исто така тешко, особено ако си емотивно приврзан со родителите.

На пример, многу мои пријатели од средно ќе останат да студираат во сопствениот град токму поради оваа причина.

Искрено, мислам дека одделувањето од семејството и заминувањето во друг град ќе нè направи многу повеќе самостојни.

Ќе научиме како да ги извршуваме обврските без тоа да ни го прават нашите родители.

И, што е најважно, ќе созрееме на многу начини. Ќе прераснеме во одговорни и самосвесни личности.

studentskiot-zivot-e-akademija-na-zivotot-eve-so-koi-predizvici-jas-kako-student-se-soociv-03_copy_copy.jpg

Моите родители можеби стопати ми напоменаа да внимавам со кого се дружам и во какво друштво ќе навлезам.

Искрено, на самиот почетокот ми беа досадни, бидејќи знам за себе дека не сум таков човек кој ќе си дозволи секакви работи, но со текот на времето почнав да ги разбирам.

Стравот на родителите за своето дете е многу голем особено кога одиш во друг град и запознаваш нови луѓе.

Познавам голем број студенти кои во средно биле одлични ученици, но на факултет, за жал, најмногу поради новите другари и цимери, не можеле да положат испит и се вратиле назад во својот град.

Друштвото многу влијае врз личноста, па затоа ова што ви го кажав нека биде пример дека треба да бираме со кого ќе се дружиме.

Учењето е најважно бидејќи таму сме поради тоа, а забавите и дружењата можат да почекаат бидејќи за сè има време.

Студирањето во друг град претставува големо животно искуство за секого.

Почнувајќи од знаењето со коешто ќе се стекнеш, прераснувањето во академска личност, па сè до личното осамостојување и созревање.

studentskiot-zivot-e-akademija-na-zivotot-eve-so-koi-predizvici-jas-kako-student-se-soociv-05_copy.jpg

Периодов се изнаслушав различни приказни и проблеми од моите врсници кои исто така ќе одат да студираат во друг град. Дел од тие проблеми ги почувствував и јас на моја кожа.

Поради таа причина одлучив да пишувам токму на оваа тема, бидејќи знам со какви проблеми се соочуваме ние како млади.

Студентскиот живот е академија на животот. Сметам дека самиот процес на студирање е една добра подготовка за истиот.

Лекција исполнета со многу предизвици и искушенија, кои, пред сè, имаат за цел да нè научат на исклучително важни работи кои ќе ни бидат од голема корист во понатамошниот развој.

Секој почеток е тежок, но верувам дека кога еден ден ќе ја имаме дипломата во нашите раце тогаш сите тешки моменти ќе се заборават и ќе станат дел од нашите спомени.

Да ги искористиме овие моменти од животот, бидејќи еднаш сме млади, еднаш сме студенти и само еднаш ја имаме шансата да го освоиме светот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg