Морничави македонски селски приказни што ни ги раскажуваа бабите и дедовците

Неодамна бев во семејната викендичка во кумановско со моето семејство, па во приквечерните часовите прошетав низ маалото да ги поздравам соседите што сè уште се немаат иселено. Таа прошетка ми беше ми беше стандардна рутина и гледав секогаш да ја практикувам.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 3

Кога влегов во куќата на баба Зорка, ја начекав како им раскажува приказни на нејзините двете внучиња кои летните распусти ги поминуваа кај неа на селото. Децата, со ококорени очи, без да трепнат и со штотуку измолзено кравјо млеко, речиси хипнотизирано ги следеа приказните што им ги раскажуваше баба им.

Целата слика ме врати во моето детство, на времето кога пред спиење баба ми и дедо ми мѝ наизменично ми раскажуваа приказни и стории што „навистина“ се случиле во нашето, ама и во околните села.

Тогаш, припиен до нив не се плашев од ништо, но кога и да се најдев сам во темница очекував дека сите суштества и бабароги ќе се нацртаат пред моите нозе.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 7

Без да ги прекинувам, им мавнав на баба Зорка и нејзините внучиња и се вратив во викендичката, додека во главата ми одекнуваше милиот глас на баба ми и рапавиот глас на дедо ми.

Од нигде никаде почнав да се присетувам на нивните приказни кои мислев дека целосно испариле од моето сеќавање.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 6

Прва што ми падна на памет беше приказната за старецот од едно планинско село, кој ноќе се враќал дома со своето магаре. Па, така, поминувајќи покрај селските гробишта налетал на бледолик средовечен човек кој почнал да му прави муабет.

Двајцата се расприкажале сè до моментот кога непознатиот не му рекол дека животот бил навистина убав, сè додека и тој бил жив. Кога го слушнав ова старецот, престрашен почнал да бега и кога се свртел назад сфатил дека немало никој зад него.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 4

Се сетив и на приказната за двете сестри чија мајка ги оставила дома и заминала во блискиот град по работа. Пред заминување им рекла да не отвораат на никого, но доцна вечерта се појавил вампирот кој затропал на вратите и сакал да влезе.

Сестрите, веќе однапред предупредени, му рекле дека ќе му отворат да влезе, но откако ќе им донесе вода од бунарот и тоа во цедалка.

И така суштеството одело горе-долу по ридот, но без успех. После неколку часа изгрејало сонцето и го спржило вампирот.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 1

Приказните нè стивнуваат. Непрекинато протекуваа низ свеста. Посебно оние од кои нè лазеа морници.

На пример за самовилата која живеела во една од водениците, која се појавувала по смрачување. Со нејзиниот привлечен глас ги примамувала селаните на кои подоцна им се губел секаков траг.

Затоа јас и моите другари избегнувавме да поминуваме покрај каква било воденица или се држевме цврсто за раце, гласно зборувајќи и пеејќи.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 5

Сите овие приказни што ни ги раскажуваат бабите и дедовците не се само народни приказни, туку и еден пристап и светоглед на тоа време.

Сè додека уште се сеќаваме на нив и ги прераскажуваме нема да дозволиме да им се изгуби трагата. Затоа сите тие легенди засекогаш ќе живеат во нашите срца.

mornicavi selski prikazni st0 ni gi raskazuvaa babite i dedovcite 8

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело | фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg