Имало нудистички плажи, населен е барем 7.000 години - Забавни факти за Скопје

Скопскиот градски парк датира од почетокот на 19-ти век

Паркот во срцето на градот е едно од омилените места на скопјани.

Дебелите сенки, патеката долж Вардар, легендарната Школка со многу настани и концерти, Зоолошката градина на самиот влез во паркот, некогашниот Лунапарк, летните дискотеки и кафулињата се само мал дел од причините зошто го сакаме паркот. Паркот секогаш е полн, преку ден врева, а навечер смеа, гитара и песна од тинејџерите на „сепариња“.

Интересен факт е што нашето омилено катче во градот датира уште од почетокот на 19-ти век.

Пред сто години, во 1923 година, австриски парковски градинар го проширува паркот кон Зоолошката градина. Во следните години паркот постојано е уредуван, прошируван и збогатуван со флора и фауна.

Својот денешен лик и површина, паркот ги добива во 1970 година.

Денешнатa површина која го зазема паркoт е 486,000m2 и се простира помеѓу улицата Ленинова од исток, Булевар „Октомвриска револуција“ од запад, реката Вардар од север и Булевар „Илинден“ од југ.

10-interesni-fakti-za-skopje-orient-ekspres-pominuval-niz-skopje-gradot-gorel-dva-dena-i-postoele-nudisticki-plazi-002.jpg

Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години

Неолитската тумба во Маџари, неолитската тумба во Чаир и неолитската населба на Скопската тврдина се докази дека животот во Скопје континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години.

Тумба е археолошко наоѓалиште во скопската населба Маџари. Претставува населба од неолитското време, односно од 6-ти милениум пред нашата ера. Од археолошките откритија најзначајна е фигурата на Големата Мајка – заштитничката на плодноста.

Кустосот е секогаш спремен да ви го покаже локалитетот и да ве однесе во времето на праисторијата.

https://www.instagram.com/p/CPsJsBvJZyD/

Во Скопје е родена Мајка Тереза

Родена како Агнеса Бојаџиу во центарот на Скопје, Мајка Тереза својот живот го посветила помагајќи на болните и сиромашните.

Куќата во која е родена Мајка Тереза е уништена од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година. Нејзиниот дом, кој денес е споменик и музеј, се наоѓа на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, сегашниот плоштад Македонија во Скопје.

Таа била најмалото дете во семејството.

Мајка Тереза, позната и како Света Тереза од Калкута, е родена на 26 август 1910, а починала во Калкута на 5 септември 1997.

Таа била католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет.

10-interesni-fakti-za-skopje-orient-ekspres-pominuval-niz-skopje-gradot-gorel-dva-dena-i-postoele-nudisticki-plazi-05.jpg

Античкото име на Скопје е Скупи

Градот низ историјата сменил неколку имиња. Неговото античко име е Скупи, во византиските документи е запишан како Скопија, а Словените го нарекувале Скопје, Скопие и Скопље.

За време на владеењето на цар Самуил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/Skoplje на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopiye (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопиа) на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp (Ускуп) на турски.

10-interesni-fakti-za-skopje-orient-ekspres-pominuval-niz-skopje-gradot-gorel-dva-dena-i-postoele-nudisticki-plazi-07.jpg

Богородица е заштитничка на градот

Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото.

Богородица се смета за заштитничка на сите христијани и на градот Скопје.

10-interesni-fakti-za-skopje-orient-ekspres-pominuval-niz-skopje-gradot-gorel-dva-dena-i-postoele-nudisticki-plazi-08.jpg

Покрај овие десет интересни факти, Скопје исто така е дом на првата зоолошка градина на Балканот. Пештерата Врело лоцирана на кањонот Матка се смета за најдлабока пештера на Балканот, а втора најдлабока во Европа.

Салоника – Скопје е првата железничка пруга која е изградена во 19-от век.

Македонија и Скопје можеби територијално се мали, но тоа не значи дека не се богати со историски факти со огромно значење и природни и ретки богатства.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg