Што е среќата?

Животот кој го водиме денес е борба за подобро утре, и сите ние сме свесни за тоа. Трудот од вчера со кој денес постигнавме  голем успех, што ни донесе исполнување на душата со самото чувство на сатисфакција дека нешто со сопствени раце направено, направи да се чувстуваме среќни.

sto-e-srekata-001.jpg

Сите си применуваат различни начини за да ја постигнат поставената цел. Некои се полежерни и чекаат на судбината, а притоа не се свесни дека само времето е во нивни раце и дека треба да ја одиграат што побрзо својата улога без чекање некој друг да го направи тоа за нив.

Патот за кој што ќе се определиш е твој избор од неколку дадени алтернативи од страна на судбината.Тие патишта ќе те направат среќен или несреќен. За да си среќен единствено треба да знаеш и дека после се во тебе останала душа, срце и разум. Душа за да ги сфатиш оние кои ја немале истата среќа како тебе, срце за да знаеш да ја споделиш твојата среќа со помалку среќните и разум за да знаеш да го цениш сето тоа.

Постојат луѓе што се водат со добро познатото “ако сакам нешто да постигнам ќе направам сè без разлика за што се работи и ќе го постигнам! ” или “Ќе биде само онака како јас сакам и никако поинаку! ”.

Зошто луѓето се продаваат себе си со зборови кои немаат никаква основа?
Дали доколку биде побарано од тебе да ги ставиш на коцка најсаканите и најценетите нешта ќе го направиш тоа  само за да исполниш еден свој каприц?

Дали со она САМО ЈАС И НИКОЈ ДРУГ би успеал во овој свет каде има толку гладни луѓе кои се водат со истото мото?
Највероjатно НЕ ! Труди се да бидеш човек во оние моменти кога треба да успееш. Бори се низ патот- ЧОВЕЧКИ. Искачи се до врвот, но остани човек, за доброто на тие што те сакаат и за своjот мирен сон кога денот ќе заврши.

Среќата е збор со големо значење. Да си среќен значи да си здрав, да имаш мало засолниште исполнето со луѓе кои ги сакаш, да имаш нешто за кое ќе се бориш. А, ако не си среќен денес, ќе бидеш утре. Секој си го добива своето, а според тоа колку го вреднува следниот пат добива дупла доза.

Затоа сакајте, грешете, но, научете да не паѓате на испитите на истите искушенија , простете но не заборавајте. Всушност вие и не можете да заборавите, бидејќи никој не заборава како се чувствувал поради нечии дела (добри или лоши). Зад аголот се крие една личност која ќе ве сака со душа и тело,а позади вас ќе остане образ и ремек дело - вашиот успех/вашата среќа, постигната со ВАШ ТРУД И САМО ВАШ, се крие и куќа полна со луѓе кои се грижат за вас. Вие имате здравје, имате љубов, имате доволно средства да живеете нормален живот, ЖИВЕЈТЕ ГО!

И кога сте без сили само сетете се:

Среќата за поединци е само термин кој стои во речникот повлечен со црно мастило!

И благодариме на Елзана Чековиќ која ни го испрати овој преубав текст.

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg