Најубавата уличка: Жени во Шпанија рачно изработиле плетена тенда, која ќе држи сенка на шеталиште
Заборавете на разнобојните чадори, оваа уличка е засенета со рачно сплетена прекривка изработена од вредните раце на локалните жени.
Улицата Малага во гратчето Алхаурин де ла Торе е карактеристична по разнобојната заштита од сонце. Улицата целосно е прекриена со рачно плетени постилки изработени од вредните раце на жените во гратчето.
Прекривките се изработени во целост од рециклиран материјал. За целосно да се покрие шеталиштето биле потребни три години вредна работа. Заштитата зафаќа површина од околу 500 метри квадратни и се протега во должина од околу 60 метри.
Во приложеното видео погледнете како изгледала улицата во текот на минатата година:
https://www.youtube.com/watch?v=XLeiCCj91O4
Жените работеле под менторство на Ева Пачеко, а работилницата била организирана од страна на Одделот за животна средина во градскиот совет. Инаку, ваквиот уникатен дизајн пробуди поголем интерес и на социјалните мрежи.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело