Македонец во Австралија создаде детска играчка што чисти по дома – покрај пофалби, се соочи и со критики за името
Македонец со кул изум го освои светот, но се соочи и со критики за името на детската играчка која истовремено е количка и има механизам за чистење на подот.
Македонец е дел од тимот што креираше генијална играчка за деца, што истовремено чисти по дома - родителите пишуваат коментари за тоа колку се задоволни од играчката која им помага во домаќинството, но дел од мајките го критикуваат името.
Денис Митревски кој живее во Перт, Австралија и Анџело Реитано се креатори на играчката Mommy’s Tiny Helper. Играчката во суштина претставува количка со вграден механизам за собирање трошки. Првично беше креирана за американскиот пазар и во 2019-тата година беше претставена на тамошниот Саем за играчки.
@mommystinyhelper ♬ original sound - Mommy’s Tiny Helper
На официјалната Facebook страна може да се забележат голем број коментари за тоа колку децата се задоволни од играчката и дека таа навистина е прекрасна, но и корисна за во домаќинството.
Во промоцијата и продажбата на играчката на Денис му помага и неговата сестра Сем Минити. Британскиот Daily Мail пренесува дека таа била шокирана откако на дел од австралиските групи за мајки на социјалните мрежи добила негативни коментари, но не за производот, туку за неговото име.
Според дел од мајките во Австралија проблемот е во тоа што играчката се вика Mommy’s tiny helper (Малиот помошник на мама), а во 2021 година, чистењето во домаќинството не е работа само на мајката.
Дел од Фејсбук коментарите објавени на Daily Mail, поврзани со името на дизајнот, гласат:
„Името е слатко, ама подразбира дека чистењето е женска работа“.
„Се согласувам. Можете да го викате само Little Helper (Мал помошник)“.
„Лично мислам дека зборот „Мама“ треба да се извади, кај нас дома работите ги вршиме 50/50: готвење, чување деца итн, затоа не сметам дека е добро да се налага дека само мама чисти. Исто така, многу деца немаат мајки...“ – се вели меѓу другото во еден од коментарите.
Сем, која и самата е мајка на 7-годишно девојче, за Daily Mail вели дека е збунета затоа што жените во Австралија одговориле сосема поразлично од Aмериканките, а вели дека трошоците за промена на името би биле огромни.
„Воопшто не помислив дека името може да биде навредливо, затоа го тестирав името кај неколку групи за мајки во Перт каде што сум член и сега сум загрижена за негативниот одговор“ – вели таа и додава дека очекувала дека мајките ќе дадат поддршка затоа што во најголем дел тие се оние што ја вршат најголемата работа по дома.
Таа вели дека играчката е функционална затоа што кога си доаѓате дома од работа често се случува на децата да им дадете ужина што често завршува на подот.
„Децата ќе си играат со играчки без разлика на сè, а на овој начин, додека се возат, го чистат сопствениот неред“ – вели таа.
На Инстаграм профилот на играчката има видеа за тоа како таа функционира.
Како ви се допаѓа овој генијален изум како што многумина го нарекуваат? Посакувате ли да го имате дома?
@mommystinyhelper ##mommystinyhelper ##toycar ##itcleans @mommystinyhelper www.mommystinyhelper.com
♬ Lose Control - Meduza & Becky Hill & Goodboys
Б. С. Б. | Црнобело