Шарена хотелска соба инспирирана од The Queen’s Gambit - има шаховски фигури на таванот (фото)
Од шарени тапети и винтиџ мебел, па сè до шаховски фигури на таванот, погледнете како изгледа хотелската соба инспирирана од хит-серијата The Queen’s Gambit.
The Queen’s Gambit стана хит само неколку денови откако се појави на Netflix и без сомнение е една од најгледаните, но и најдобрите серии што имавме можност да ги погледнеме минатата година.
Шаховскиот гениј Бет Хармон ги освои срцата на гледачите ширум светот, а ако и вие ја изгледавте серијата, сигурно ви ја разгорела желбата за играње шах.
Дејството на серијата е сместено во 1950-тите и 1960-тите и ги оживува модата и архитектурата од овој период, прикажувајќи ги во најдобро светло. На некој начин, серијата ве тера да помислите дека и самите сте живееле во тој период.
Инспирирани од архитектурата, пред сè неверојатно уредените простории, управниците на еден хотел решиле да направат соба која изгледа како да „излегла“ од серијата. Името на хотелот е 21c Museum Hotel и се наоѓа во Лексингтон, местото каде што порасна главниот лик од серијата.
За дизајнот на собата соработувале неколку архитекти и дизајнери и внатре доминираат живите бои. Се разбира, во собата има шаховска табла, но и шаховски фигури на таванот, како оние што ги „гледаше“ Бет додека ги анализираше изиграните партии.
Во собата има мал бар, но и книги и списанија поврзани со шахот, па сигурно ќе се почувствувате како Бет додека се подготвува за нејзиниот следен турнир.