Креативна идеја на македонска блогерка – сушени портокали како лампиони за новогодишна елка (фото)

Теа Трповска е македонска блогерка чија пасија е готвењето, или како што стои во нејзиниот опис на Инстаграм – печењето леб. Hygge е нејзиниот стил на живот, а таа е неверојатно креативна личност чии прсти создаваат магија.

Lampioni-od-susheni-portokali-01.jpg

Овојпат таа сподели одлична, креативна идеја за претстојните празници – сушени портокали кои ќе ги заменат лампионите на новогодишната елка.

Покрај аспектот што овие „лампиони“ се еко-пријателски, тие се и многу декоративни и мирисливи. Изгледаат прекрасно, а аромата ќе ги привлече апсолутно сите кон вашата елка или божиќна гранка.

Lampioni-od-susheni-portokali (5).jpg

Lampioni-od-susheni-portokali (4).jpg

Lampioni-od-susheni-portokali (3).jpg

Lampioni-od-susheni-portokali (2).jpg

Lampioni-od-susheni-portokali (1).jpg

„Рецептот“ за лампионите портокали изгледа вака:

  • Портокалите исечете ги на тркалца.
  • Со кујнска хартија, натапкајте ги парчињата портокали за да излезе барем малку течноста од нив.
  • Наредете ги на тавче за печење, обложено со хартија за печење и ставете ги во рерна да се печат/сушат на 150 целзиусови степени, од 2 ипол до 3 часа (во зависност од рерната).
  • Портокалите треба да бидат исушени и тврди. Потоа, направете едно дупче со игла и протнете врвца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Од кралска елеганција до диско мотиви – Топ 7 трендови за декорација на новогодишни елки за 2025 Кралски гламур, диско топки, но и розови декорации … Кои теми на божиќни уредува...
Најновиот тренд за новогодишни елки е хит и кај нас – огромна панделка на врвот (фото) Елката во домот на Елена Најдоски е украсена со огромна бела панделка, ресторано...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg