Давале многу пари за кирија, па го претвориле школскиот автобус во дом на тркала (фото)
Тајлер Хјортинг и Лекси Обрајан се пар кој ја напуштил Калифорнија и започнал номадски живот. Тие сфатиле дека даваат премногу пари за кирија, па решиле да претворат еден стар школски автобус во дом на тркала.
Тајлер и Лекси го трансформирале автобусот во еден од најудобните домови што сте ги виделе. Од дрвени подови и дрвен покрив, па сè до топли бои и растенија, во нивниот мал дом има што и да посакате.
За овој проект им биле потребни две години, а штом одлучиле дека навистина сакаат да го започнат, речиси цела година го барале совршениот автобус.
„Го реновиравме автобусот за помалку од осум месеци, а работевме на него кога се враќавме од работа и за време на викенди“, вели парот.
Покрај тоа што се погрижиле за изгледот, тие морале да обрнат внимание на сите ситници што ќе им бидат потребни за живот.
„Моравме да вклучиме некои неопходни работи како голем фрижидер, голем кревет и маса за јадење“, велат Тајлер и Лекси.
После многу авантури со нивниот дом на тркала, Тајлер и Лекси купиле имот во Тексас. Денес тие живеат таму, но со нив е и нивниот автобус.
За оние кои сакаат да пробаат нешто вакво, парот вели дека не треба да штедите на добар соларен систем за енергија.
„Друго нешто што сфативме, после само неколку месеци патување, е дека сме можеле да го направиме ова со многу помал автобус“.
Погледнете како изгледа удобниот дом на тркала на Тајлер и Лекси:
Спирова С. | Црнобело