Татко на годината – направил детско игралиште со огромен диносаурус за своите деца (фото)
Сред пандемијата, „направи сам“ проектите станаа вистински хит. Сигурно и вие, како повеќето, сте се обиделе да го пополните слободното време со некое креативно хоби.
Додека поголемиот дел од луѓето почнуваат да цртаат, да прават накит и слично, овој татко ги засени сите со неговиот проект.
Метју Косман дефинитивно ја заслужува титулата татко на годината. За неговите деца, тој направил игралиште со лулки, но и со огромен диносаурус кој е висок дури 14 метри.
На наше големо задоволство, Метју го документирал целиот процес на изработка, па имаме можност и да видиме како го „оживел“ диносаурусот.
Метју заработувал правејќи метални конструкции, но ваквите проекти ги правел од забава бидејќи, како што вели самиот, никој не би му платил за овие луди идеи.
„Навистина, го направив и споделив ова само за забава. Имам искуство со астронаутско инженерство, а тоа има голема улога овде“, вели Метју.
За да го направи диносаурусот, тој користел разни материјали, вклучувајќи челик, дрво и жица. Истовремено, за да го стабилизира диносаурусот на игралиштето, употребил околу 10.000 килограми бетон.
А, бидејќи диносаурусот е огромен, морал да изнајми кран за да го пренесе од работилницата до игралиштето.
„На крај, диносаурусот излезе со должина од 14 метри, а тежи околу 1.500 килограми“, вели Метју.
Интересно е што тој долго го планирал овој проект, па неколку години собирал материјали што му останувале од платените проекти. На крај, онлајн ги порачал работите што му недостасувале и дури сега успеал да го заврши проектот.
Во продолжение можете да погледнете како изгледал процесот на изработка: