Ви треба балон и конец: Велигденски корпи за јајца готови за 30 минути
Велигденските празници се одлично време да ја разбудите вашата креативност и да го украсите домот со рачно изработени украси.
Наш предлог се шарени корпи за кои ви се потребни неколку балони, конци, малку брашно, течен штирак и лак за коса.
Овие корпи може да бидат совршен велигденски украс но и место каде подоцна ќе може да ги чувате вашите шминки, шноли или други ситници.
Во пластичен сад помешајте го брашното со штиракот за да добиете смеса со средна густина.
Надувајте ги балоните а потоа премачкајте ги со подготвената смеса во форма на корпа.
Земете еден од конците и почнете да мотате врз премачканиот дел.
Потоа со четкате премачкајте од смесата врз намотаниот конец обликувајќи ја кошничката во формата која сакате. Колку е подебел слојот врз конците толку поцврста ќе биде корпата, но и подолго ќе треба да се суши.
Ставете ја корпата наопаку врз чаша за да се исуши.
Испрскајте ја со лак и оставете ја да се суши преку ноќ.
Следниот ден дупнете ги балоните и вашите корпи се подготвени за декорација.
М. С. | Црнобело