Направи сам: Забавна закачалка за вашите најмили
Денес ви даваме идеа како да украсите една обична дрвена закачалка. И да ја направите супер - забавна за вашите деца.
Тие ќе ја обожаваат, а можеби и полесно ќе ги научите да стекнат навика да си ги враќаат своите работи на место.
Постапка:
1. Обојте ја дрвената закачалка со жолта матирана акрилна боја. Кога бојата ќе се исуши, со помош на индиго нацртајте ги тигарските мотиви.
2. Со црна акрилна боја обојте ги шарите.
3. Дрвената мала топка обојте ја со жолта боја. Кога бојата ќе се исуши, со помош на црн туш нацртајте ги очите и носот на тигарот.
4. Од уште две помали дрвени топчиња направете ги ушите. Со помош на лепак за дрво, залепете ги помалите дрвени топчиња на поголемата дрвена топка.
Вашата тигар закачалка е готова !