Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Направете сами едноставни ролетни од хартија

Ова се едноставни ролетни кои ќе ви донесат потполно нова нота во вашиот ентериер и нов живот на вашата кујна.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-01.jpg

Ролетните можете да ги направите многу лесно, а ќе ви бидат многу корисни во текот на сончеите денови.

Потребно ви е:

  • Тапет или друг вид на хартија, кој не е многу тенок, но не пропушта многу светлина
  • Скалпел
  • Селотејп
  • Дебел коноп
  • Линијар/ метро
  • Дупчалка за хартија

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-02.jpg

Изработка:

Измерете ги прозорите каде што сакате да ги поставите ролетните. Ширината на ролетните нека биде иста како и таа на прозорот но, должината треба да е подолга на ролетните отколку онаа на прозорот.

Пример:

Прозорот е 41cmX114cm тогаш хартијата треба да е 41cmX144cm.

Потоа направете хармоника, со набор од 3,5cm.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-03.jpg

Откако ќе ја направите хармониката , направете дупчена средината и протнете го конопот.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-04.jpg

Последната ивица и конопот залепете го со лепак ,салотејп или со двострано леплива трака.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-05.jpg

Потоа исправете ја ролетната и исечете го конопот кој е вишок.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-06.jpg

На самиот крај на конопот украсете ја ролетната со пластична или дрвена перла која ќе служи за да ја подигнете и спуштите ролетната.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-07.jpg

Закачете ја на прозорот со двострано леплива трака.

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-08.jpg

Вака треба да изгледа:

napravete-sami-ednostavni-roletni-od-hartija-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
Пред vs. потоа: Моќни трансформации на соби, по реновирање Како со малку пари, љубов и труд, просториите во домот можат да добијат сосема н...
Идеи за креативни празнични декорации што може да ги направите со децата Новогодишните и божиќните празници се на прагот, кои воедно се и најголема радос...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
За креативни родители: Детски првоаприлски маски и костими кои лесно се прават дома Медуза направена од проѕирен чадор и ленти во боја, облак со дожд направен од па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg