Направи сам: Шарени лакирани саксии за на тераса

За сите кои уживаат во пролетната декорација и не пропуштаат ниту една можност да си го освежат дворот или балконот, ова ќе биде вистински предизвик, но и повод за креативно уживање.

napravi-sam-sareni-lakirani-saksii-za-na-terasa-01.jpg

Шарените и уникатни саксии внесуваат ведрина во просторот каде ќе ги поставите, а можете да ги направите за само 5 минути, со помош на шарени лакови за нокти.

Потребен материјал:

  • Саксии (по можност бели)
  • Шарени лакови за нокти
  • Пластичен сад малку поголем од саксијата
  • Чепкалки
  • Заштитни ракавици
  • Хартија
  • Ацетон
  • Вода на собна температура

Начин на изработка:

Во пластичниот сад наполнете вода, ставете ги ракавиците и полека истурајте лак во водата. Внимателно, во тенки линии за да не потоне. Најмногу можете да помешате 3 бои, и тоа прво онаа која е најсветла.

Откако ќе го додадете вториот лак во водата, помешајте и дизајнирајте со чепкалка.

Затоа што лакот брзо се суши, ова мора да го правите многу брзо. Ако лакот сепак ви се исуши или не се шири по површината, додадете малку ацетон во водата.

Почнете од едниот крај и приближете ја саксијата до површината на водата. Ќе забележите како лакот сам се лепи за неа. Повторувајте ја постапката додека ја ротирате саксијата, додека не ја постигнете посакуваната шара.

На крајот, кога ќе завршите, ставете ја саксијата на парче хартија да се исуши. Задолжително пропрскајте со лак за коса за да не почне да се лупи.

Ова е целата постапка низ фотографии и крајните резултати кои ќе ви го разубават домот:

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg