Со повеќе од 8.000 стикери си ја разубавил досадната канцеларија
Канцеларискиот декор е најчесто безличен, па така и канцеларијата на дизајнерот Бен Брукер не била ништо поразлична од останатите.
Еден ден Бен (31) решил дека сака да ги разубави ѕидовите на неговото работно место, дизајнерската агенција The Shop in San Francisco, која е во сопственот на Ибеј.
„Ова е креативна агенција но кога ќе влезете во канцеларијата, не би можеле тоа да го претпоставите,“ изјавил Брукер.
„Сакав да го чувствуваме просторот како навистина да е наш, и ние да уживаме во него.“
Сметал дека фарбањето на ѕидовите би одзело премногу време, па затоа се решил за стикери. Да бидеме конкретни, се решил за 8,024 стикери,.
Брукер детално пресметал колку точно стикери од секоја боја ќе му бидат потребни. За полесно да ги испланира суперхероите направил макети.
Планирањето му одземало 30 часа за време на два викенда. За време на викендите, Брукер и дел од неговите колеги постепено го покривале зидот.
Не е за изненадување тоа што изјавил дека работата не била воопшто лесна. Секое од делата е високо точно 34 стикери.
И млади и стари биле добредојдени да помогнат. Околу 10 до 12 души дошле да помогнат во текот на 12 часа.
„Мислам дека е многу важно да не ја мразите средината каде работите,“ изјавил Брукер.
„И ако имате можност да ја смените, сменете ја. Работната средина треба да го отсликува духот на луѓето кои работат таму секој ден.“
Крајниот резултат, како што и самите можете да видите, е прекрасен: