Необични ранци: Изгледаат како да се излезени од цртан филм, но функционираат како вистински
Тајванската компанија JumpFromPaper продава модни додатоци кои изгледаат како да се излезени од некој цртан филм, но се вистински.
Тие се надеваат дека луѓето ќе си дозволат да се навратат во детството и да си дозволат да имаат нешто необично по кое сите ќе се вртат.
Компанијата постои од 2010 година и е вистински хит кај модните трендсетери низ Азија и Европа.
Ранците ги има во различни комбинации на бои, машки и женски, но имаат и колекција на торби и мали чанти.
Кога и да се појавите со нив би изгледале како да држите цртеж во рака, но интересно е кога некој ќе ви се приближи и ќе забележи дека тоа е вистински ранец кој функционира како сите останати.
Целата тајна е во тродимензионалниот дизајн и вешто искористениот крој, како и начинот на боење и изборот на бои.
Би носеле нешто вакво?