Не ги фрлајте старите ЦД-а! Еве што може да направите од нив
Поминаа времињата кога се режеше музика на ЦД, се преснимуваа филмови, се купуваа нови музички албуми и се слушаше на системи.
Денес сè оди многу побрзо, целата музика е достапна на интернет и ретко кој има потреба да купува, или да снима ЦД.
Старите ЦД-а остануваат во кутии или фрлени во ѓубре. Но, ако веќе немате намера да ги слушате цедињата и целата музика веќе ја имате во компјутер, нема потреба да ги фрлате.
Попаметно е да ги искористите за некои интересни дизајни, кои сигурно ќе ви останат да ви траат многу подолго.
1. Направете лампиони
Искршете ги на поситни парчиња и залепете ги на пластичен или стаклен лампион.
2. Масичка за кафе
Наместо да имате обична дрвена масичка покриена со стакло, може целата површина да ја наредите со искршените парчиња од старите цедиња и одозгора покријте ги со стакло.
3. Подметувачи
Ако ги исцртате со некоја интересна шара или му залепите некоја интересна апликација, старото ЦД може да добие сосема нов лик и одлично да се вклопи под секоја чаша на масата.
4. Часовник
Извадете ги стрелките и механизмот од стариот евтин часовник и вметнете ги на цедето кое претходно може да го исцртате или да му додадете бројки за часовите.
5. Модерна саксија
Доволно е само еден дел од саксијата да го излепите со скршени парчиња од ЦД-иња за да ѝ дадете сосем поинаков лик на старата саксија.
Уште 5 идеи на следната страница...