Што ве прави анксиозни, според хороскопскиот знак?

Близнаците се анксиозни кога мислат на тоа дали ќе го најдат вистинскиот партнер, додека Рибите се парализираат од помислата дека некоја сакана личност ќе ги напушти. Што им предизвикува анксиозност на другите хороскопски знаци?

shto-ve-pravi-anksiozni-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сите имаме некој (нерационален) страв кој нè тера да се грижиме за работи кои не се ни случиле.

Сите имаме нешто што ја активира нашата анксиозност, но кога ќе сфатиме што е тоа, многу полесно ќе ги избегнеме овие непотребни негативни чувства.

Што им предизвикува анксиозност на хороскопските знаци?

Овен

Овните секогаш ја заземаат улогата на лидер во друштвото и семејството и секогаш сакаат да им помагаат на блиските во организацијата. Па, она што им предизвикува најмногу анксиозност се ситуациите над кои немаат контрола.

Овните сакаат да бидат подготвени за сè, дури и неочекуваните предизвици, но, за жал, животот не функционира така.

Никогаш не можеме да предвидиме сè и многу работи нема да одат според нашиот план.

Овните мора да научат да го прифатат ова ако сакаат да се ослободат од анксиозноста.

Бик

Бидејќи за Биковите едно од најважните нешта се нивните цели, нивната анксиозност доаѓа до израз кога мислат дека не го дале најдоброто од себе. Тие се анксиозни и кога сфаќаат дека не се најдобрите во нешто.

Во овие ситуации, Биковите се чувствуваат ужасно, убедени се дека се неуспешни, дури и ако во животот им оди навистина добро.

Тие мора да сфатат дека многупати ќе сретнуваат луѓе кои се подобри од нив, но ова не ја намалува нивната вредност.

Близнаци

Близнаците имаат високи очекувања од себе, но и од нивните романтични партнери.

Поради ова, обично тие се партнерот кој става крај на врската.

Но, овој пристап им предизвикува анксиозност – ги тера да се прашуваат и дали некогаш воопшто ќе најдат добар партнер.

Можат да го надминат овој проблем ако научат да ги прифаќаат малите недостатоци на партнерот и не се толку критички настроени кон сите околу нив.

Рак

Од сите знаци во зодијакот, Раковите имаат можеби најмногу проблеми со анксиозност.

Едноставно кажано, тие се личности кои се грижат за буквално секоја ситница. Неретко се убедени дека што и да направат, нема да успеат и постојано се грижат што мислат другите за нив.

Во реалноста, ретко кога се остваруваат нивните најголеми стравови.

Раковите мора да сфатат дека некогаш во животот се случуваат и лоши работи, но не треба постојано да бидат во исчекување, притоа не дозволувајќи си да уживаат и во убавите моменти.

Лав

Лавовите можат да бидат прекрасни личности.

Внимателно ги избираат зборовите кога разговараат со некого, ги ценат другите и секогаш пробуваат да ги издигнат.

Па, за нив најголемиот страв е дека некогаш ќе кажат нешто погрешно. Дека ќе избрзаат и ќе го повредат соговорникот.

За Лавовите е важно да разберат дека на сите им се случува да кажат нешто лошо, и тоа не е крај на светот.

Девица

Најголемиот непријател на Девицата е самата таа.

Девиците остро се критикуваат себеси, но ги критикуваат и сите околу нив и тежнеат кон некои нереалистични стандарди.

А, токму одовде произлегува нивната анксиозност – се плашат дека нема да можат да го достигнат совршенството по коешто копнеат.

Девиците мора редовно да се потсетуваат дека се само луѓе, а ниту еден човек не е совршен.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg