Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 хороскопски знаци кои не можат и не знаат да лажат (и зошто)

Рибите можат да кажуваат мали лаги ако се сигурни дека со тоа заштитуваат некоја сакана личност. Но, кога треба да излажат за нешто големо, чувството на вина ги надвладува и ги тера да признаат речиси веднаш. Кои други знаци не знаат лажат?

5-horoskopski-znaci-koi-ne-mozhat-i-ne-znaat-da-lazhat-i-zoshto-01.jpg

Некои хороскопски знаци се експерти за лажење. Зборуваат самоуверено и можат да ве натераат да поверувате и во најлудите лаги.

Но, постојат и оние на кои лажењето, едноставно, не им е во крвта.

Без разлика дали поради чувството на вина или нивните реакции кои ги издаваат, кажувањето лаги е невозможна мисија за нив.

Пет хороскопски знаци кои спаѓаат во втората категорија:

Овен

Вам ви е тешко да лажете бидејќи што и да помислите, веднаш го кажувате.

Дури и кога пробувате да кажете некоја мала, „бела“ лага, не успевате во тоа.

Сепак, според вас, ова не е некој голем проблем.

Вие сте личност која нема „влакна на јазикот“ и без проблем го споделувате вашето мислење, дури и кога е лошо.

Не гледате поента во лажењето и сметате дека секогаш треба да бидете транспарентни за вашите чувства и мисли.

Бик

Вие сте личност која постојано размислува, до тој степен што станувате анксиозни.

Кога пробувате да кажете лага, постојано си мислите дека соговорникот е свесен дека го лажете, па почнувате да паничите.

Си поставувате прашања како: „Дали многу го гледам во очи?“, „Дали зборувам многу долго?“, „Дали обрнав внимание на сите детали?“, „Дали зборувам многу брзо?“…

На крај, сфаќате дека ви е потешко да излажете отколку да ја кажете вистината и да се соочите со последиците.

Ако сепак успеете да излажете, со денови ќе размислувате за тоа, одново и одново ќе си повторувате што сте кажале и ќе барате пропусти во вашата лага.

5-horoskopski-znaci-koi-ne-mozhat-i-ne-znaat-da-lazhat-i-zoshto-02.jpg

Рак

Бидејќи сте емотивна личност, на другите им е релативно лесно да познаат кога ги лажете.

Во овој случај, најмногу ве издава вашиот поглед – не можете да го погледнете соговорникот во очи и станува преочигледно дека криете нешто.

Бидејќи сте и навистина добра личност, ретко кога се осудувате да кажете лага.

Никогаш не лажете за да добиете нешто и го правите тоа кога сте потполно сигурни дека само така можете да заштитите некоја блиска личност.

Јарец

Иако мислите дека сте експерт за кажување лаги, вие сте можеби најлошиот лажго во зодијакот.

Вие можете да ја смислите лагата и да обрнете внимание на ситници на кои другите нема ни да помислат, но проблемот настанува кога треба да ја кажете.

Стресот и чувството на вина што доминираат кога кажувате лага не ви дозволуваат да зборувате самоуверено, па станува очигледно дека лажете.

Истовремено, некогаш ви е тешко да се снајдете во непредвидлива ситуација, па доволно е соговорникот да ви постави едно неочекувано прашање за самите да се издадете дека го лажете.

Риби

Вие можете да кажете некоја мала лага, но само ако сте свесни дека со тоа ќе заштитите некоја сакана личност или ќе ѝ помогнете да се чувствува подобро.

Кога станува збор за големи лаги, ги избегнувате по секоја цена бидејќи не можете да го поднесете чувството на вина.

Ако излажете некого, особено блиска личност, вие се чувствувате толку лошо, што признавате во речиси истиот миг.

Доколку не признаете веднаш, постојано ќе мислите на лагата, па дури и ќе се мразите себеси поради вашата неискреност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Една застрашувачка особина на секој хороскопски знак, која му штети најмногу Риби, вие сте главно позитивна личност, но штом ќе ве обземат „црните“ мисли, ст...
Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“. Водолија: „Пр...
Кое небесно тело владее со вашиот хороскопски знак и какви тајни открива за вас? Близнаци, вашиот владетел е Меркур – планетата на комуникацијата, интелектот и р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg