4 хороскопски знаци кои треба да водат подобра грижа своето ментално здравје
Девици, вие сте перфекционист, но не треба да дозволите ова да влијае врз состојбата на вашето ментално здравје. Животот е хаотичен и ова не е ваша вина.
Некогаш карактеристиките што нè прават добри личности се и карактеристиките поради кои ги запоставуваме нашите потреби и менталното здравје.
Некои толку многу сакаат да им помогнат на другите, што забораваат да си помогнат самите. Некои се толку трудољубиви, што забораваат на сè друго освен работата.
Кои се хороскопските знаци што спаѓаат во оваа категорија и треба да почнат да водат подобра грижа за менталното здравје?
Рак
Не можете да бидете овде за сите на коишто им требате.
Иако вие сакате да му помогнете на секој пријател, на секој член од семејството кој ќе го побара ова од вас, не е здраво да трошите толку многу енергија на другите.
Не можете да бидете овде за буквално сите на сметка на вашето ментално здравје. И, не можете да се обвинувате себеси ако некој сакан тргне на погрешен пат.
Не сте вие личноста којашто треба да го спаси. Не сте вие оној кој треба да му ги реши проблемите, без разлика колку сакате да го усреќите.
Разберете дека не е ваша задача да го решите секој проблем за којшто ќе слушнете.
Мора да се оттргнете од туѓите проблеми и да се фокусирате на вашите.
Бидете подобри кон себе – вие не сте суперхерој и престанете да се обидувате да станете.
Девица
Вие сте перфекционист, но не треба да дозволите ова да ви влијае врз состојбата на менталното здравје.
Животот е хаотичен. Без разлика колку планирате, некои работи нема да се случат како што сте си замислиле.
Некогаш се случуваат и лоши нешта, а ова не е ваша вина. Едноставно, животот е таков.
Разбирливо е зошто ви е тешко да го прифатите ова, особено кога вложувате толку многу во сè.
Ова е одлична особина, но мора да научите да бидете и флексибилни.
Не треба да ви се сруши целиот свет дури и кога најмалата ситница нема да оди по план.
Бидете добри кон себе. Не заборавајте дека човечки е да се греши. Немојте да се мразите поради нешто безначајно.
Немојте да се казнувате и за најмалите грешки. Прифатете дека животот не е воопшто совршен.
Јарец
Вие се однесувате премногу лошо кон себе – постојано се туркате до вашите граници и неретко сте преморени.
Вие сте толку загрижени за успех, што игнорирате сè друго во вашиот живот – вклучувајќи го и вашето ментално здравје.
Но, не заборавајте дека нема да ги достигнете вашите цели ако сте преморени од работа. Мора да воспоставите подобра рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Иако кариерата ви е важна, не може да ги запоставите другите работи кои ви причинуваат задоволство.
Мора да одвоите време и за забавни активности. Мора да бидете добри кон себе и да си дозволите да одморите.
Во овие денови немојте да се нарекувате мрзливи, ниту да чувствувате вина. Одморот е важен, без разлика колку се големи вашите цели.
Риби
Вие премногу размислувате и премногу сакате да им удоволите на другите.
Сакате сите околу вас да бидат среќни и се чувствувате виновно ако се разочарани или тажни.
Но, емоциите на другите не се ваша одговорност.
Иако е одлично што имате љубов и добрина за сите, некогаш треба да се фокусирате и на вашите потреби.
Не е себично да се грижите за себе. И вие заслужувате внимание. И вие заслужувате да бидете среќни.
Немојте да се фокусирате на среќата и задоволството на другите, на сметка на вашето ментално здравје.
Бидете нежни кон себе. Не ги игнорирајте негативните емоции. Поработете на вашата среќа пред да почнете да се грижите за туѓата.
Спирова С. | Црнобело