Една реченица што ќе ве спаси во тешките денови оваа есен, според хороскопскиот знак
Близнаци, ако овaа есен минувате низ тежок период, повторувајте си ја следнава реченица: Ми оди добро во животот, без разлика што ми кажуваат негативните мисли.
Во тешките мигови, воопшто не е лесно да размислуваме позитивно. Убедени сме дека ситуацијата никогаш нема да се подобри и се чувствуваме безнадежно.
Но, некогаш доволно е да си повториме една реченица која ќе ни ја промени перспективата и ќе нè натера да веруваме дека и овој тежок период ќе помине.
Која е мантрата што треба да си ја повторувате оваа есен кога ќе се најдете во ваква ситуација?
Овен
Вие сте силна личност, но некогаш животот може да биде премногу и за вас.
Проблемот е што вие постојано пробувате да бидете корисни и продуктивни, дури и кога е повеќе од очигледно дека ви треба одмор.
Не заборавајте дека потребата за одмор и релаксација не ве прави послаби. Некогаш на сите им треба пауза од сè, дури и вам.
Вашата мантра за оваа есен: Јас сум силна личност, но заслужувам да се одморам.
Бик
Дури и кога мислите дека сè што правите е залудно, вие сепак се трудите.
Дури и ако не направите нешто совршено, вие сепак сте се обиделе.
Вие трагате по совршенство и ова честопати не ви дозволува да го согледате вашиот прогрес.
Пробајте да бидете трпеливи и ќе почнете да го забележувате постепениот напредок.
Вашата мантра за оваа есен: Го давам најдоброто од себе и тоа е доволно.
Близнаци
Вашиот интелект е за восхит, но многуте мисли некогаш ви создаваат и проблем.
Вие настојувате да ги анализирате работите до најмалите ситници и со ова си создавате непотребен стрес. Ги претворате и едноставните проблеми во комплицирани.
Сето ова ве тера и да се критикувате бидејќи уште не сте стигнале некоја одредена цел.
Мора да научите да ги контролирате вашите мисли.
Вашата мантра за оваа есен: Ми оди добро во животот, без разлика што ми кажуваат негативните мисли.
Рак
Вие го давате најдоброто од себе за вашите сакани да се чувствуваат безбедно, сакано и удобно. Но, што е со вашите потреби?
Дали обрнувате внимание на нив? Дали работите на тоа и вие да се чувствувате безбедно и удобно? Дали им дозволувате на другите да направат нешто добро за вас?
Ако одговорот е не, знаете на што треба да работите.
Вашата мантра за оваа есен: Ги заслужувам љубовта и добрината што им ги давам на другите – и од моите сакани, и од мене.
Лав
Каде и да се појавите, вие сте во центарот на вниманието, но некогаш ова ви создава притисок да се преправате.
Сметате дека треба да прикажете само одредена страна од вашиот карактер за да ги задоволите очекувањата на другите.
Не заборавајте дека и вие имате дозвола да го покажете вашето вистинско лице. Не мора да се преправате.
Вашата мантра за оваа есен: Во ред е да бидам искрен/а за моите чувства – и со другите, и со мене.
Девица
Вие сте личност која секогаш сака да биде чекор пред другите, па поради ова ви е особено тешко кога ви се чини дека заостанувате зад некого.
Но, не заборавајте дека во животот ништо не е одредено – не постои точна возраст за одредени достигнувања и секој се движи со свое темпо.
Штом работите на вашите цели и желби, бидете трпеливи, и наскоро ќе стигнете каде што сакате.
Вашата мантра за оваа есен: Она што го правам е доволно и сега сум таму каде што треба да бидам.