Една реченица што ќе ве спаси во тешките денови оваа есен, според хороскопскиот знак

rechenicata-shto-treba-da-si-ja-povtoruvate-vo-teshkite-denovi-ovaa-esen-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Вие трагате по совршенство, па постојано се убедувате дека можете подобро, дека можете повеќе.

Но, овој начин на размислување не само што не ви дозволува да ги согледате вашите резултати, туку ви создава и огромен притисок.

Некогаш мора да застанете и наместо да се убедувате дека можете подобро, да прославите за досегашниот успех.

Вашата мантра за оваа есен: Правам сè што е во моја моќ. Не мора да правам ништо повеќе од она што го правам сега.

Скорпија

Вие сте силна личност, но кога имате некој проблем навистина ви е тешко да побарате помош.

Вие не само што се плашите да покажете дека сте ранливи, туку не ни знаете како да почнете разговор на оваа тема.

Навикнати сте самите да се справувате со сите предизвици во животот, но не заборавајте дека понекогаш на сите им треба помош.

Вашата мантра за оваа есен: Моите емоции се реални, а луѓето кои ме сакаат се секогаш овде за мене.

Стрелец

Вие сте позитивна личност и сите го сакат вашиот оптимизам, но кога се соочувате со некој проблем, обично ви е тешко да го најдете неговиот корен.

Некогаш, пак, и се обидувате да избегате од вашите проблеми и од негативните емоции.

Сепак, важно е да научите да се соочувате со овие емоции бидејќи само вака ќе можете да се справите со нив.

Вашата мантра за оваа есен: Во ред е да чувствувам и негативни емоции, а потоа да им дозволам да поминат.

Јарец

Вие сте амбициозна личност и секогаш имате големи планови и цели.

Сепак, превисоките очекувања ве тераат да мислите дека сте неспособни.

Не заборавајте дека иако понекогаш не можете да ја видите вашата вистинска вредност, таа е овде и луѓето гледаат колку се трудите.

Вашата мантра за оваа есен: Се наоѓам точно каде што треба да бидам и горд/а сум на себе што стигнав дотука.

Водолија

Обично немате проблем да се справите со подемите и падовите што ви ги приредува животот, но и вие имате граница.

А, кога ви се чини дека преовладуваат падовите, се чувствувате исклучено од светот околу вас.

Се чувствувате толку осамено, што заборавате да побарате помош и поддршка од саканите.

Важно е да знаете дека не сте сами колку што мислите и саканите можат да ви помогнат, но само ако го посакате тоа.

Вашата мантра за оваа есен: Не сум сам/а и можам да побарам помош кога им треба најмногу.

Риби

Вие многу добро ги разбирате вашите емоции, како и емоциите на луѓето околу вас, но некогаш ова ви претставува сериозен проблем.

Кога минувате низ тежок период, вашите негативни емоции се толку изразени, што ви се чини дека „се давите“ во нив.

Никако не можете да се убедите дека нештата ќе станат подобри и се чувствувате безнадежно.

Сепак, без разлика колку лошо се чувствувате, не заборавајте дека и тоа ќе помине.

Вашата мантра за оваа есен: Во ред е да ме надвладеат негативните емоции, но треба да знам дека тие се минливи – нештата ќе станат подобри.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg