Какво запросување сака секој хороскопски знак?
Вага
Кога се вљубени Вагите зрачат со позитивна енергија, а честопати може да им се случи да се вљубат и во самото чувство на љубов, па не можат да дочекаат партнерот да ги запроси и да почнат ново поглавје во нивните животи.
Ако планирате запросување за Вага тогаш ќе треба да бидете сигурни дека тоа ќе се случи на некој луксузен настан каде тие ќе имаат можност да облечат нешто ново.
Идеални се собирите со пријателите и роднините, но, бидете сигурни дека нема да го направите на настан каде некои други луѓе треба да бидат во центарот на вниманието (крштевки, родендени и сл.).
Скорпија
Скорпиите сакаат мирна, интимна атмосфера и познати се по сопствената резервираност и по тоа што не сакаат премногу да разговараат.
Идеални места би можеле да бидат, џез и рок концертите, оперските концерти, па дури и одењето во театарска претстава, затоа што тоа се места каде што нема да има потреба премногу да разговараат.
Од друга страна, пак, имајќи предвид дека тоа се водени знаци, за нив идеални се и прошетките покрај плажа на зајдисонце.
Стрелец
Познати се по сопствениот авантуристички дух, па за да им предложите брак на место што ним ќе им се допадне, ќе треба да бидете екстремно креативни.
Запросувањето за време на нуркање под вода, на некое патување или за време на некоја забава е идеален план.
Јарец
Амбициозните Јарци бараат совршен партнер што ќе им помогне да напредуваат во животот.
Така, запросувањето по некоја остварена заедничка цел, како искачување планински врв е идеално за нив.
Тие сакаат да знаат дека сте подготвени заедно со нив да ја градите иднината, па потребно е да им покажете дека имате план за вашиот заеднички напредок.
Водолија
Водолиите се „футуристи“ во срце, кои се заинтересирани за сите технолошки новитети, научната фантастика или воопшто за науката.
Освен тоа, познати се и како луѓе што се заинтересирани за хуманитарните дејности.
Запросувањето во планетариуми или на некои хуманитарни настани е нешто што долго ќе го помнат.
Риби
Рибите се воден знак, па согласно на тоа, најважниот настан треба да се случи во близина на вода: аквариум, плажа, на море...
Кога им предлагате брак, најдобро е да се потпрете на сопствената интуиција, а тие ќе го ценат тоа што вашиот предлог е искрен и доаѓа од длабочините на вашето срце.
Б. С. Б. | Црнобело